Новиот министер за надворешни работи, Никола Димитров нема замерки на Грција која 9 години нè блокира за влез во НАТО и ЕУ, нè нарекува погрдно со ФИРОМ или Скопје, нема замерка ни на Бугарија која не го признава јазикот и бара да потпишеме спогодба дека имаме заедничка историја за да се докаже дека сме ист народ со бугарскиот, нема проблем ни со Албанија и Косово кои отворено поддржуваат Тирански платформи, ама има замерка на Србија околу тоа од кој влез влегол во Парламентот нивниот разузнувач, пишува порталот „Журнал“.Димитров вели дека присуството на српскиот разузнавач и советник во амбасадата, Горан Живаљевиќ во македонското Собрание за време на нередите во април годинава е пример за мешањето на Србија во внатрешните работи на нашата земја.
-Не може вашиот претставник да биде дел од масата која влегла во Собранието и да тврдите дека не се мешате во внатрешните работи. Попластичен пример за мешањето во внатрешните работи на една земја не постои, изјави Димитров.
По влегувањето на неколку илјади лица од главниот влез на Собранието револтирани од политичкото насилство со незаконскиот избор на Талат Џафери, од истиот влез влегол и српскиот разузнавач. Настрана дали требало или не да влезе, веројатно не требало, но за одбележување е дека следејќи ја политичката мисла и верба на татко му Димитар Димитров, кој е докажан Бугарофил и Србомрзец, синот по умот на таткото првата меѓународна изјава ја дава против Србија и тврди дека се мешала во внатрешните работи на Македонија.
Никој друг не се меша, само Србија се меша. Ваквата изјава на Димитров е „ем по кејф на тато“, ем Димитров испаѓа „опасен фраер“ кон земја која не е членка на ЕУ како Грција, па верува дека не може и штета да ни направи.
Инаку, останато е во аналите на македонската дипломатија и уште долго ќе се прераскажува пристигнувањето на поранешниот амбасадор на Македонија во Русија, Димитар Димитров, татко на новиот министар Никола Димитров.
Имено, Димитар Димитров една година беше министер за култура во Владата на Љубчо Георгиевски, и како еден од најслабите и најизгубени министри, Георгиевски спасувајќи ја својата репутација и рејтинг беше принуден да го смени. Како утешна награда му беше понудено местото амбасадор во Москва, кое Димитров го прифати и замина таму.
Димитар Димитров беше јавно деклариран бугарофил и србомрзец. Во деведесетите години силно се спротиставуваше на Георгиевски на користењето на сонцето од Кутлеш на некои облежја на тогашното ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа се години кога Георгиевски дозволува користење на антички симболи во ВМРО-ДПМНЕ. Димитров на сите во партијата им говорел дека сонцето од кутлеш е срам за ВМРО, бидејќи Македонците немаат ништо со антиката, туку само со Бугарија.
При пристигнувањето на аеродромот бил дојден возачот од Амбасадата да го пречека, и веднаш го известил дека вработените во Амбасадата се организирале и го чекаат на еден мал пригоден коктел за добредојде. Но, возачот бил непријатно изненаден кога од новиот амбасадор добил насока да вози во бугарската Амбасада во Москва.
Уште пошокиран бил кога цели 4 цаса висел пред бугарската Амбасада чекајќи го новиот амбасадор на Македонија да го префрли во македонската Амбасада. На вработените во амбасадата им преседнало од чекањето.
Беше јавно познато дека Димитар Димитров е бугарофил, ама никој не помислувал дека директно од авион ќе се упати во бугарската наместо во македонската амбасада. По 4 часа престој во бугарската, Димитров отишол во македонската Амбасада, каде ги затекнал службениците уморни од чекање, разочарани и збунети.
Синот на Димитар, Никола, очигледно по патот и умот на таткото, но сето тоа ќе го гледаме спакувано во помодерна варијанта и со подобар шмек. Истиот производ, со нова опаковка, пишува Журнал.Димитров вели дека присуството на српскиот разузнавач и советник во амбасадата, Горан Живаљевиќ во македонското Собрание за време на нередите во ап