На Екрем поубаво му е да биде фенси селанец

Loading...

Екрем Јевриќ е отпуштен од продуцентите на шоуто Големиот брат кое ќе се почне да се емитува  на Б92 на 13-ти март. Тој беше убеден од страна на Жељко Митровиќ повторно да се појави на „Фарма“, која наскоро ќе стартува на Пинк. Тој требаше да земе 2000 евра неделно за да биде во куќа на Костарика, но по разговорот со сопственикот на „розевата телевизија“ во Њу Јорк се предомисли и потпиша договор за реалното шоу во кое се родила неговата љубов со Венди.
Митровиќ бил на пат од Лос Анџелес преку Њу Јорк до Лондоон, Ротердам и Стокхолм и навратил во домот на сопственикот на хитот „Куча-посо, посо-куча“. Концептот на реалното шоу нема да се менува, но ќе се емитува под името „Наша фарма“.
Покрај Екрем, како што дознава Курир, ќе се појави и раперот Цвија. Се очекува да учествуваат и Станија Добројевиќ, Алекса Марковиќ Аки, нови ѕвезди од „Гранд“ и Секси Сандра. Меѓутоа ова не е конечната листа на учесници, затоа што се очекува влез на дури 22 познати, а повеќето имиња се чуваат во тајност.Екрем Јевриќ е отпуштен од продуцентите на шоуто Големиот брат кое ќе се почне да се емитува  на Б92 на 13-ти мар

loading...