Брачен пар од Велика Британија намами педофил преку Фејсбук. Тие на социјалната мрежа направиле профил од 14-годишно девојче и така стапиле во контакт со сексуалниот предатор.Тие само чекале педофилите да се фатат за мамката. Многу брзо, измисленото девојче го контактираше Крејг Чепмен. Тој почна да ѝ праќа експлицитни пораки.
„На лажниот профил јасно пишуваше дека Кери има 15 години, а после на Чепмен во порака му пишавме дека таа има 14 години. Како што очекувавме, тоа на него не му беше важно. Почна да навалува и бараше состанок со Кери“, раскажува Кејти.
Кејти и Нил Ивал закажаа средба со педофилот во еден супермаркет.
По доаѓањето во маркетот, воздбудениот Чепмен веднаш почнал да го бара бројот на телефонот на кој требало да се јави имагинарното девојче.
Меѓутоа, на негово големо изненадување на другата страна од линијата беше Кејти, а само неколку метри понатаму го чекаше нејзиниот мускулест сопруг Нил. Парот со себе понесе камера за да го забележи првиот контакт со педофилот.
„Веднаш му кажавме на Чепмен дека знаеме кој е и дека сме повикале полиција. Педофилот почна да бега, но ние се потрудивме и му го блокиравме излезот“, изјави Нил кој додаде дека никогаш не е агресивен, но дека животна мисија му е да ги однесе перверзњаците пред лицето на правдата.
Чепмен е фатен и осуден на 16 месеци затвор.