На интернет се појавија нови прислушувани разговори од македонски политичари

Снимки од незаконски прислушувани разговори се појавија на фан страна на Facebook. Оној кој ја уредува страната тврди дека станува збор за снимки на пратеничката Ермира Мехмети и екс вице премиерот Муса Џафери, како и останати високи функционери на ДУИ, меѓу кои, како што тврди оној што ги поставил и лидерот Али Ахмети, објави Прес24.На страната може да се преслушуваат разговорите кои се на албански јазик.
Покрај нив, објавени се и принт скринови за кои авторот тврди дека се од фолдерите во кои ги чува незаконски прислушуваните разговори.
Може да се забележи дека станува збор за поголем број на фајлови.
 
Дали станува збор за фајловите кои лидерот на СДСМ тврдеше дека и ги предаде на Специјалната обвинителка Катица Јанева се уште нема информација.
Доколку е така, се поставува прашањето, како овие снимки се најдоа кај лица кои сега ги објавуваат на интернет.
Полицијата при приведувањето на сопартиецот на Заев, Захир Бекири Чаушот пронајде хард диск со незаконски прислушувани разговори именуван како „СДСМ Заев“.
Пратеничката Мехмети се огласи на социјалните мрежи. Таа тврди дека разговорите не се автентични, а гласот е на друга женска личност и се монтирани.
 
„Решив да кажам неколку зборови за нападот, затоа што се чини дека тие продолжуваат. Прво, трендот е јасен, со користење на методи на уредување програми, Ермира Мехмети стана синоним за морална изопаченост на нашето општество. Не е изненадувачки, во машко општество, каде владеат патријархатот и логиката на племенските општества.Таму мажот го има последниот звбор, а Ермира е пречка која мора да се елиминира…” – пишува Мехмети меѓу другото на Facebook.
Ова не е прв пат да се појават прислушувани разговори на социјалните мрежи во кои оној кој ги објавува тврди дека станува збор за пратеничката Мехмети. Се објавуваа и разговори на познати директори на банки и тоа во време, кое случајно или не, коинцидираше со времето кога СДСМ требаше да го продолжи рокот за отплатата на кредитот кој го има во една од банките за чиј директор се тврдеше дека е дел од прислушуваниот материјал.На страната може да се преслушуваат разговорите кои се на албански јазик.
Покрај нив, објавени се и принт скринови за кои авторот тврди дек

Пронајдете не на следниве мрежи: