СЈО не успеа да покаже дека важи за институција со посебен капацитет за спроведување на законите и правдата, онака како што беше договорено со Договорот од Пржино каде што беше предвидено СЈО да биде составено од врвни професионалци и луѓе со висок морален кредибилитет и интегритет. Напротив, СЈО во моментов повеќе личи на збир на неуспешни правници, кои благодарение на својата болна амбиција се спремни на секакви „компромиси“, а особено наклонети на „неконвенционални“ начини на напредување се спремни обвинителите од понежниот пол, пипува порталот Инфомакс.-Разочарани од настапот на Катица и немањето капацитет за да го прочита ниту она што и е напишано, „чадорот“ кој ги подготвувал сценаријата за театралните настапи на специјалното јавно обвинителство, одлучил Катица целосно да биде повлечена од јавноста. Како што дознаваме, „чадорот“ побарал трите обвинителки заедно да ја држат прес конференцијата за да се види која има најголем театарски капацитет. Неприродно намонтираната насмевка на Јанева, според режисерите на настанот, испратила порака до јавноста дека се работи за претходно креиран спектакл кој нема никаква допирна точка со правото.
Јавноста остана зачудена кога Јанева, крадешкум се повлече од прес конференцијата и целиот спектакл им го препушти на „амбициозните“ колешки кои имаат поголем капацитет од неа (барем театрален), иако се нејзини подредени.
Кога на сето ова биле додадени и аферите кои излегоа во јавноста во врска со становите, скандалозното и незаконско бркање од работа на две нејзини колешки обвинителки, како и флагрантните пропусти во досегашната постапка, за „чадорот“ немало дилеми при носењето на одлуката.
Од извори блиски до СЈО, но и „чадорот“ дознаваме дека „чадорот“ ја увидел и признал грешката при изборот на Катица Јанеа и е одлучено во иднина ликот на обвинителството да бидат Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска. Катица Јанева полека ќе биде повлекувана од јавната сцена, а нејзиниот молк ќе биде купен со огромните приходи кои по разни основи ги добива затоа што прва прифатила да си го продаде достоинството и интегритетот за да игра по диктат на „чадорот“.
За Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска јавноста веќе добро е запозната дека ниту тие не се „цвеќиња за мирисање“.
Имено, Ленче Ристовска прв пат јавноста ја запозна по нејзината сообраќајна несреќа, која сакаше да ја прикрие, бидејќи се случила додека таа била во друштво на уште едно машко лице со кое планирале да „се дружат“ во природа, пишува порталот.
Фатиме Фетаи пак, најголемата промоција ја доживува благодарение на секојдневната блиска дружба со нејзиниот колега и интимен пријател Гаврил Бубевски, со кого ретко се двоеле за време на работните денови, и тоа не само во просториите на СЈО, туку и надвор од канцелариите.
Токму Гаврил Бубевски бил човекот кој ја промовирал како исклучителен кадар и во СДСМ, каде неговиот кум Филип Медарски кој воедно му е и адвокат и десна рака на Заев.
Од институција која беше договорено да биде составена како професионална, со врвни професионалци од струката и правната наука, СЈО се претвори во место за интимна дружба, каде се носат одлуки базирани на тоа што ќе се договори во интимната „амбициозна“ дружба, а по дикатат на „чадорот“, закличува порталот.-Разочарани од настапот на Катица и немањето капацитет за да го прочита ниту она што и е напишано, „чадорот“ кој ги подготвувал сценари