На специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и требаат дури три дена за да провери дали има насади со смокви, односно дали дала изјава пред нотар дека земјата што ја бара под закуп има насад со овошје.Откако во текот на вчерашниот ден телевизија АЛФА објави документи кои укажуваат на тоа дека Јанева повторно е фатена во лага, КУРИР утрово се обиде да добие став од Јанева за ваквите тврдења, но наместо конретен, добивме апсурден одговор од специјалната обвинителка.
-Ве известуваме дека во овој момент не сме во можност да Ви одговориме на поставените прашања, но Ве известуваме дека до петок ќе Ви обезбедиме одговор. Ви благодариме на разбирањето, се вели во апсурдниот одговор на Јанева на нашите прашања.
Прашaњата кои беа поставени до Јанева се однесуваа на тоа дали е точно дека се јавила на јавниот повик за доделување на земјиште и дали е точно дека под полна морална и кривична одговорност тврдела дека има насад од смокви стари над 3 години, согласно документите кои вчера ги објави телевизија Алфа.
Како што објави Алфа вчера, во изјавата што Јанева ја потпишала под материјална и кривична одговорност стои дека на земјата што ја бара под закуп има насад со овошје. Според судските вештаци нивите не биле обработувани, а насадот бил на опожарена површина на која скоро 50 години имало црн бор. Дека нивите се пустелија, се гледа и од фотографиите.
Според објавените документи, СЈО аплицирала на јавен повик, по багателна цена да земе под закуп земјоделско земјиште во државна сопственост, кое било под узурпација.
За учество на јавниот повик што го распишало министерството за земјоделие, услов било на земјиштата да има насади стари најмалку три години, а право на аплицирање имале само регистрирани земјоделци или трговци поединци кои се занимаваат со земјоделство, стои во „Јавниот повик“.
Според документите, Јанева понудата ја поднела крајот на септември, каде од државата ги бара под закуп нивите во катастарската општина Мрзенци со површина од скоро 3 декари, и пишува дека намената е овоштарство. Во изјавата што Јанева ја потпишала под материјална и кривична одговорност стои дека на земјата што ја бара под закуп има насад со овошје. Отворениот повик бил за 17 општини, меѓу кои и Гевгелија.
Откако завршил јавниот повик, во декември, Земјоделие од бирото за судски вештачења побарало да се провери веродостојноста на понудите, односно дали насадите се постари од три години. Во извештајот на вештаците пишува дека утврдиле спорни понуди на 4 локации, кај повеќе лица, а една од спорните понуди според напишаното во извештајот била и понудата на Јанева. 70 отсто од нивите според наодот што го напишале вештаците не бил засаден со овошје, смокви стари повеќе од 3 години имало само на 30 отсто од земјоделската површина.
Според судските вештаци нивите не биле обработувани, а насадот бил на опожарена површина на која скоро 50 години имало црн бор. Дека нивите се пустелија, се гледа и од фотографиите и снимката.
Објавените документи, празните ниви и немањето конкретен одговор покажуваат дека Јанева повторно е фатена во лага, а нејзините образложенија дека потребни се три дена за да провери дали има смокви и дали дала таква изјава пред нотар, едноставно се апсурдни.
Со ова, Јанева е втор пат фатена како дава лажен исказ. За потсетување, првиот пат беше кога бараше државен стан затоа што немала стан во Скопје, а после потпишала изјава дека нема стан поголем од 80 м/2, а има два стана во Скопје.
Во првата изјава која е наведена во барањето, Катица Јанева тврдеше дека не поседува стан или куќа во Скопје и бара да ѝ се одобри на користење службен стан или да ѝ се определи надомест за закупнина на стан во Скопје бидејќи живее на повеќе од 100 километри оддалеченост од градот. Исто така, и за овој случај Јанева не и даде одговор на јавноста.
Во втората изјава, пак, приложена кон барањето, Катица Јанева пред нотар вели дека таа и членовите на нејзиното потесно семејство немаат во сопственост или под закуп стан или куќа во Скопје со површина од најмалку од 80м2.Откако во текот на вчерашниот ден телевизија АЛФА објави документи кои укажуваат на тоа дека Јанева повторно е фатена во лага, КУРИР утрово се обид