Дури осум години затвор може да добие 22-годишна келнерка од Загреб која, откако се впуштила во врска со женет човек, својот љубовник го уценувала со снимка од сексуалниот однос.Според обвинението што против нејзе го подиогнало обвинителството во Загреб, парот на 4.10.2014 година имал интимни односи во стан во кој живеела келнерката.
Дека очигледно се испланирала потврдува и тоа што во орманот со стаклени врати во дневната соба неколку дена претходно ја сокрила камерата.
Своето сексуално дружење со мажот така и го снимила, и дополнително му дала УСБ стик на кој се наоѓала снимката. Следело барање од 13.500 евра! Првата порака во која барала пари му ја испратила од друг мобилен телефон, а таа гласела: „13.500 евра, понеделник, одговори на мојот број“.
Изненадениот љубовник набрзо одговорил: „Зарем мислиш дека имам 13.500 евра во џеб?“
„Ок, кога ќе биде?“, прашала во нова порака и добила одговор дека љубовникот ќе ја побара во понеделник.
Во меѓувреме мажот случајот го пријавил во полиција. Очигледно не му паднало на ум дека ќе истрпи обид за изнуда.
Таа сепак, ништо не насетувајќи, пратила нова порака во која му се заканила дека доколку до среда не ги испрати парите ќе ја прати снимката од нивниот секс. Во тој момент се уште не прецизирала каде и кому.
Одлучна да изнуди пари, 22-годишната келнерка договорила состанок со него на 8.10.2014. Таму љубовникот требало да ги донесе парите. Подоцна се предомислила и почанала да му праќа бројни пораки инсистирајќи да и ги префрли парите низ прозор од станот во кој имале сексуални односи.
Му ветила дека накнадно ќе му го даде и својот примерок од спорната снимка.
„Доколку не го сториш тоа снимката ќе ја пратам кај твоите родители и твојата сопруга“, пишувала понатаму келнерката. Бидејќи мажот не се согласил да и ги даде парите, следела нова средба
Така на крај девојката од својот љубовник го превземала жолтиот плик.
Девојката подоцна му го предала стикот и мемориската картица на кои се наоѓало видеото од нивното интимно дружење.
Потоа не стигнала далеку- ја привела полицијата, а како доказ против неа посведочил пликот. Во него имало три обележани банкноти, што уценетиот маж го организиорал со помош на полицијата.
Келнерката се обвинува за обид за изнуда за што според законот и се предвидува казна и до осум години затвор, и неовластено снимање кое се казнува со година дена затвор.
Таа за време на истрагата признала се за што била обвинета, а сега на суд ја чека одлуката за казната.Според обвинението што против нејзе го подиогнало обвинителството во Загреб, парот на 4.10.2014 година имал интимни односи во стан во кој живеела к