Четиригодишно дете од Струмица со симптоми на нилска треска било примено на Клиниката за детски болести. Детето два дена било со температура, но она што ги загрижило струмичките доктори и родителите е искривеното одење на детето и губењето на рамнотежа, јавува Канал 5.-Професор Дума го потврди случајот, од почетокот нели се оди со силна терапија, и состојбата целосно се подобри, вели проф.др. Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести за Канал 5.
Од клиниката објаснуваат дека детето не било надвор од Македонија, дури и во период од месец дена не било надвор од Струмица.
-За среќа никој немал последици од овој вирус, по поминувањето на болеста. Но, во некои случаи може да и има и последици. Мора на време да се реагира со терапија, вели проф.др. Аспазија Софијанова.
Ова лето ова е прв случај на разболен со нилска треска. Болеста ја пренесуваат обични комарци. Комарците се заразуваат од птиците преселници, но и од гавраните и чавките.
Болеста најчесто поминува без симптоми, односно во 90 отсто а кога ќе се појават се во вид на треска, главоболка, мачнина, повраќање. Овие симптоми најчесто минуваат во рок од неколку дена, иако имало случаи кога заболувањето траело и со недели, нo може да заврши и со смрт, во 2012 година 55 годишна жена во Скопје почина од оваа болест.-Професор Дума го потврди случајот, од почетокот нели се оди со силна терапија, и состојбата целосно се подобри, вели проф.др. Аспазија Софијанова,