сабота, 28 ноември 2026
Најново

На кое место е рангирана Македонија според квалитетот на храната?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Истражувањето на Оксфам, меѓународна мрежа на хуманитарни организации, кои се борат против гладта во светот, покажува дека Холандија е земја со најхранлива и најздрава храна, додека Македонија во ова истражување се најде на 36. позиција.Истражувањето се спровело во вкупно 125 земји, а тие се рангирани според квалитетот на храната и цената, а како важни фактори улога играат и  процентот на потхранети деца, разноликоста на храната и пристапот до чиста вода, како и негативните последици за здравјето како дебелината и дијабетисот.

Првите 20 места ги заземаат европските земји со исклучок на Австралија. Меѓу првите десет се и Франција, Швајцарија, Данска, Шведска, Австрија, Белгија, Ирска, Италија и Португалија, додека од земјите во регионот Хрватска е на 30 место, Словенија на 33., Македонија на 36, а Албанија на 42. место.
На самото дно на листата се најдоа африканските земји, заедно со Лаос, Бангладеш, Пакистан и Индија. На последно 125. место се наоѓа Чад.Истражувањето се спровело во вкупно 125 земји, а тие се рангирани според квалитетот на храната и цената, а како важни фактори улога играат и 

Поврзани вести