Ова прашање се јавува само по себе поради работата на Специјалнато обвинителството (СЈО) на Македонија. Познато е дека тоа беше создаденo со Договорот во Пржино од летото 2015 година, договор кој ги постави принципите и механизмите за разрешување на политичката криза во Македонија, која избувна во почетокот на 2015 година.Договорот постигнат со посредство на ЕУ регулираше одржување на предвремени парламентарни избори на 24 април 2016 година, промени во изборниот законик и медиумската сфера кои би гарантирале еднаквост во предизборна кампања и фер избори. Договорот предвидуваше и едно барање на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), предводен од Зоран Заев – создавање на нова обвинителска институција која треба да ги истражи наводните криминали на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Опозицискиот лидер зборуваше за прислушувања на власта, мешање при избор на во судии, учество во тешки корупциски шеми, контролира на медиумите и изборни фалсификати. За возврат ВМРО-ДПМНЕ исто така имаше свои обвинување кон опозицијата и лично кон Заев – обид за соборување на владата(државен удар) , незаконско прислушување и соработка со странски служби.
Така меѓусебните обвинувања доведоа до компромисот за формирање на Специјалното обвинителство, чиј мандат беше истрага на два случаи: случајот “Пуч” (против Заев за обид за државен удар) и случајот “Прислушување” (против ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски, кој беше премиер од 2006 до јануари 2016 година). За шеф на Обвинителството беше назначена до тој момент малку познатата Катица Јанева.
Случајот со македонското Специјално обвинителство е многу специфичен. Јасно е дека тоа треба да подготвува обвиненија врз основа на реални факти, но бидејќи се занимава со дела од голема општествена и државна важност, а и затоа што станува збор за меѓусебни обвинувања на највлијателните политички сили, тоа треба да ги подготвува обвинувањата непристрасно и рамноправно спрема овие сили. Затоа во името на институцијата е додадена придавката “Специјално”.
Но, што се случи? Обвинителството на Катица Јанева ангажираше надворешни експерти и консултанти кои сепак се поврзани само со едната страна од конфликтот. Тоа се лица кои или се меѓу најгласните критичари на ВМРО-ДПМНЕ, или се директни учесници во вжештената “Шарена револуција”, или се познати личности од СДСМ и невладини организации, или пак се опозициски новинари. Како истражители се ангажирани лица од Министерството за внатрешни работи, кои се уназадени во МВР поради незаконско искачување по кариерното скалило . За вешто лице е избран човек кој е близок до Зоран Заев. Такви ли лица треба да советуваат, нудат и формулираат обвинувања, нема ли опасност тие да дадат правец за манипулативни факти и измонтирани толкувања?
Покрај тоа и самиот Зоран Заев признава дека Специјалното обвинителство работи по поднесени од него 35 пријави, односно тој лично избирал кои случаи СЈО да ги работи . Има податоци дека Обвинителството од него добило 540 646 материјали. Тој вработен ли е во СЈО, па тој да оценува кои случаи СЈО треба да ги работи?
Во исто време недостасуваат 539 596 снимки, за кои никој не знае каде се.Дали Специјалното обвинителството ги бара? Дали тие не се прикриени лично од Зоран Заев, додека тој лично избирал кои материјали треба да бидат предадени во Специјалното обвинителството? И дали Обвинителството го истражува овој случај?
Специјалното обвинителство создава впечаток дека работи само по претпоставките на СДСМ. И ги става на страна обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ. Зоран Заев и социјалдемократите постојано тврдеа дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги прислушкувала граѓаните и опозицијата, дека фалсификувале избори со помош на фалсификувани лични карти, дека имало фантомски гласачи на избирачкиот список. Тие тврдат дека власта прислушкувала 20 000 граѓани, но СЈО уште не започнало истрага дали овие тврдења се вистинити или измислени. Уште не е претставен ниту еден реален доказ за прислушувањето или за фантомските гласачи? Зошто институцијата не работи по обвиненијата против опозицијата за фалсификување докази?
Дотолку повеќе што има факти точно за спротивното. Лица од опозицијата го злоупотребиле системот за прислушување и избрале кои снимки да му ги дадат на Заев, а тој за возврат да манипулира со СЈО. Исто така опозициски активисти фалсификувале лични карти и регистрирале “мртви граѓани” во избирачките список, за да ги докажат своите тврдења. Има обвиненија дека опозицијата има печатница за печатење на лажни документи за изборите. Провејува и прашањето дали во институциите на Македонија не постои паралелен систем кој ги злоупотребувал институциите и очигледно креирал криминални мрежи (фалсификување на личните карти), за да ги намести доказите во своја полза и за гонење на конкретни функционери од Власта? Следствено се прашуваш и друго: почнала ли Катица Јанева и нејзините подредени да ги истражуваат сите овие докази, кои укажуваат на инкриминирање на опозицијата?
Сето ова води до заклучок дека СЈО очигледно врши селективно гонење, дека создава услови за селективно судење. А тоа е во целосна спротивност не само со договореното од Пржино и напорите за излегувањето на државата од кризата, но и со јавниот и националниот интерес. Сето ова го создава и следното прашање: Заслужува ли обвинителството на Катица Јанева јавна доверба за водењето на истрагите?
Целиот проблем сепак треба да се гледа и низ друга призма – на евроинтеграцијата на Македонија и колку работата на СЈО соодветсвува со европските вредности. Знае ли Еврокомисијата за селективното работење на Специјалното обвинителство и ќе молчи ли, ако оваа практика продолжи и понатаму? Да, ЕУ може да каже дека последниот збор во целата оваа сага го нема обвинителството, туку судот. И тоа навистина е така, таква позиција ќе биде целосно во духот на европските вредности. Само ваквата стандардна за демократијата реакција би била прост одговор на комплексно прашање поставено од самата реалност. Дали Јустиција ќе биде правична и дали ќе ја утврди вистината, ако треба да донесе одлука врз основа на манипулативни и фалсификувани докази? Делењето на правдата во нашата цивилизација е полно со судски грешки. Затоа подобро и по европски би било отсега да се корегира СЈО , за да не потклекнува под политичките манипулации, скроени од Зоран Заев. Крајно време е од Брисел да очекуваме став кој засега ќе биде жолт картон кон Катица Јанева, а ако таа продолжи на ист начин, да дојде и црвен картон.
Во конкретниот случај има и нешто симптоматично . Зоран Заев се пофали дека сè што побарала до сега опозицијата, се случило – амнестијата на претседателот Ѓорѓе Иванов од 12 мај била повлечена целосно, презакажаните за на 5-ти јуни избори беа повторно одложени (неизвесно за кога), а распуштеното Собрание беше повторно свикано.
Кој всушност е Зоран Заев? Од неговата официјална биографија, станува јасно дека е бизнисмен, градоначалник, пратеник, а од 2013 е и лидер на СДСМ. Најважно, сепак е друго – тој е амнестиран за извршено кривично дело. Кај нас како да се заборави дека тој беше осуден изминатата деценија за аферата “Глобал”, во која беше обвинет за криминал во висина од 8 милиони Евра. Но во 2008 година беше помилуван од тогашниот Претседател Бранко Црвенковски, кој исто така е социјалдемократ, со еден збор сопартиец . Иако судбината се смилува со Зоран Заев со помилувањето, сега тој се огласи против амнестијата на следниот претседател Ѓорге Иванов. Ова е исто така тешка дамка (‘рѓа) на моралниот профил на овој политички егземплар. Како и да е, најважно е дека ЕУ допушта да биде вртена на малиот прст од ваков политичар .
Бугарија впрочем беше исто така вмешана во комбинациите на тоа фаворизирано лице. Во мај 2015 година, Зоран Заев беше во Софија за поддршка и беше примен колективно на доста високо ниво – имаше негова слика со нашиот Премиер, Министерот за надворешни работи и истакнат претставник на БСП (Јанаки Стоилов).
Време е политичката криза во Македонија да се погледне и преку уште една призма – Зошто Зоран Заев бега од закажаните парламентарни избори, зошто продолжува со смислените обвинувања за прислушувања, непречистен избирачки список и нездравата медиумска сфера. Проблемот на ова лице и на неговата партија e нивниот низок рејтинг. Сите досегашни анкети покажуваат солидна предност на ВМРО-ДПМНЕ – во последните месеци разликата достигна два, па дури и повеќе пати. Ако изборите се одржат сега, СДСМ ќе ги загуби со страшен тресок. Затоа и Зоран Заев одби да учествува на нив на 25 април и на 5 јуни. СДСМ е втората политичка сила, останатите партии и ЕУ требаше да се соочат со неговите политички сметки. Во потврда на овие бројки е и изјавата на американскиот експерт Даниел Сервер, кој само пред 15 дена го рече следново: Проблемот во Македонија е фактот дека опозицијата не сака избори. Но, нема ништо страшно ако ги загубиш изборите.
Затоа Зоран Заев се обидува да ја намали, а по можност и да ја стопи разликата. И можност за тоа гледа под тепихот на делењето правда. На оваа злокобна идеја и служи Специјалното обвинителство и неговата тактика да ги повторува невистинитите обвинувања за пречистување на избирачкиот список. Неговата надеж е да креира судски процес кој ќе донесе на следните избори (кога и да се тие) повеќе гласови за СДСМ, а помалку за ВМРО-ДПМНЕ. Затоа тој најверојатно ќе одолговлекува одредување датум за нови избори до есента, а зошто не и по неа. Прашањето е дали ЕУ ќе му го дозволи тоа? Рејтингот на политичките субјекти влегува ли во овластувањата на едно обвинителство?
Од досегашната работа на СЈО може да се направат и други споредби – со онаа на Народниот суд од 1945 год. Период кој е почетокот на крвавите поделби, истребување и партизирање на институциите. А тоа се најопасните напади врз државноста.
Дали е во ред ЕУ да дозволи такво нешто?
Јури Михалков, уредник на меѓународното одделение во агенцијата БГНЕС
Договорот постигнат со посредство на ЕУ регулираше одржување на предвремени парламентарни избори на 24 април 2016 година, промени во изборниот зако