Facebook корисниците се уште паѓаат на истите измами, иако добар дел од нив веќе им се познати. Истражувањето што го објави Telegraph покажа дека љубопитноста на корисниците е најчестата причина поради која паѓаат на измамите.Истражувањето било спроведено во период од две години во кои биле анализирани 850.000 случаи на измами. Речиси половина од измамите играат на картата на љубопитноста на корисниците кои сакаат да дознаат кој им го гледал профилот.
Корисниците исто така се лажат преку опции кои нудат користење на dislike копче, односно опциите кои нудат промена на изгледот на профилот (како на пример промена на боите).
Според истражувањето, корисниците сè помалку паѓаат на измамата со наводни секс видеа од познати личности.
Повеќе на GSM.MKИстражувањето било спроведено во период од две години во кои биле анализирани 850.000 случаи на измами. Речиси половина од измамите играат на карта