На конкурсот за традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија пристигнале 85 дела објавени во 2015 година. Книгите конкурираат за наградите „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и „Мостови“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.ДПМ во текот на месецов треба да ги објави добитниците на наградите кои ќе им бидат врачени во февруари, на свеченоста по повод јубилејот од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.
Одлуките за најуспешните остварувања ќе ги донесат жири-комисии составени од 15 истакнати писатели, академици, универзитетски професори, критичари и есеисти.
Како што најави ДПМ, членови на жиријата се: Милан Ѓурчинов, Оливера Ќорвезироска, Димитар Пандев, Стојан Тарапуза, Кристина Николовска, Жарко Кујунџиски, Јелена Лужина, Ресул Шабани, Иван Чаповски, Маја Јакимовска Тошиќ, Мито Спасески, Бранко Цветкоски, Делвина Керлуку, Кочо Топузоски и Блаже Минески.ДПМ во текот на месецов треба да ги објави добитниците на наградите кои ќе им бидат врачени во февруари, на свеченоста по повод јубилејот од