На крајот од смената пронашла ранец. Се ИЗНЕНАДИЛА од она што го пронашла внатре!

Една вработена во Бургер Кинг во калифорнискиот град Сан Диего, пронашла во едно сепаре ранец кој некој го имал заборавено.„Двапати ги исчистив масите, а ранецот сѐ уште се наоѓаше на истото место. Чекав да ми заврши смената во 15 часот за да одам да го земам“, раскажала Сахиста Бакавла, која го тргнала ранецот настрана и го повикала шефот. Тогаш го отвориле ранецот, со цел да пронајдат некои лични податоци за сопственикот.
Но, следело изненадување.
„Го отворив ранецот и видов многу новчаници од 100 долари. Мислев дека ова е некоја шега, бидејќи се погоди истиот ден да славам роденден, но никој од вработените не реагираше. Тогаш, одлучив да повикам полиција“, изјави сопственикот Алтаф Чаус.
Во ранецот се наоѓале скоро 100.000 долари.
„Живеам во оваа земја веќе 26 години, а 15 години работев на две работни места за да бидам во состојба да го купам овој Бургер Кинг. Вреден човек сум, не сакав да ги земам парите за себе. Можеби му припаѓаат некому“, раскажал сопственикот.
Полицијата го пребарала ранецот и во него, освен пари, пронашла слатки, малку марихуана и извештај од подигање пари од сметка во банка, според која ќе се обиде да го најде сопственикот.„Двапати ги исчистив масите, а ранецот сѐ уште се наоѓаше на истото место. Чекав да ми заврши смената во 15 часот за да одам да го земам&ldqu

Пронајдете не на следниве мрежи: