„Живиот Кен“, кој се прослави благодарение на бројните операции, поради кои многу личеше на славната барбика, почина при компликација поради воспаление на белите дробови, откако пред пет месеци му била дијагностицирана леукемија.Келсо Сантебањес, 20- годишен бразилски модел, кој потрошил повеќе од 50.000 долари на пластични операции, почина во четвртокот во болница во Бразил.
Сантебањес прв пат во јавност се појавил во емисија кога имал 16 години и тогаш освоил неколку натпревари. За да биде сличен на Кен неколку пати го оперирал лицето, најмногу усните и носот. Како што му растела славата, почнал да го наплатува и до 15.000 долари своето појавување, а основал и линија кукли „Келсо“ во Лос Анџелес.
Во јануари објави дека во неговиот живот започнува „нов циклус“ , додавајќи дека „повеќе не го интересира естетиката“.
„Повеќе не ми е важно тоа. Сега најважно од се ми е да сум здрав и ќе се борам за тоа“, изјавил за Латин Тајмс.
Погребот бил во петокот. Неговиот татко, Селија Боргес, им рекол на новинарите: „Кога почна да ги остварува соништата, откри дека е болен и соништата му беа прекинати. Имаше свои планови, но Бог имал поинакви.“Келсо Сантебањес, 20- годишен бразилски модел, кој потрошил повеќе од 50.000 долари на пластични операции, почина во четвртокот во болница во



