На Лили Ален и е досадно со сопствените деца, затоа и се вратила на музичката кариера

Пејачката Лили Ален (28) признала дека и досадило да биде дома со родените деца, па се вратила на својата музичка кариера. Лили Ален која е во брак со Сем Купер, се повлече од музичката сцена во 2009 година, но минатата година се одлучила повторно да и се посвети на својата кариера.
Признала дека тоа го сторила поради тоа што не ја исполнувале деновите посветени дома со нејзините две ќерки Етхел (2) и Марни која има 14 месеци.

Во интервју за „НРЈ Радио“, пејачката на прашањето зошто се одлучила да се врати на сцената одговорила:
„Ми недостигаа пари! Не, се шегувам. Мислев дека ќе бидам среќна мајка, која само ќе седи дома и ќе си игра со децата. Тоа беше мојот сон. Ги сакам своите деца, но многу сум нестрплива, да се биде со две деца кои се уште не зборуваат беше мошне досадно. Да бидеш дома и да им зборуваш на оние кои не можат да ти возвратат… Не сфаќав колку сум креативна личност и дека треба нешто да сторам со својата креативност.“
Пејачката признала и дека мајчинството влијаело на нејзиното создавање на музика. Свесна е за тоа дека нејзините деца еден ден ќе ги слушаат нејзините песни, па многу е внимателна во избирањето на темите за своите песни. Лили Ален која е во брак со Сем Купер, се повлече од музичката сцена во 2009 година, но минатата година се одлучила повторно да и се посвети на сво

Пронајдете не на следниве мрежи: