На магариња донеле марихуана од Албанија- спречен обид на шверц на дрога во Македонија

Царинската управа на Република Македонија вчера спречи два обиди за нелегално изнесување на марихуана од државата, во вредност од над 200 илјади евра.Шверцерите на дрога го користат секој агол од автомобилите за да ја пренесат преку граница. Во последните два случаи кои вчера беа откриени од македонската царина, марихуаната била сокриена под покривот на автомобилот и во резервоарот за гориво.
Во првиот случај 30-те килограми марихуана во Македонија со магариња биле донесени преку илегални премини од Албанија. Потоа дрогата била предадена на сопственикот на Фолксвагенот, кој ја сокрил низ целата површина под покривот и требало да ја предаде во Грција на албански државјанин кој живее во Солун.
Но, осомничените не успеале да ја минат границата кај Меџитлија и биле уапсени.
Царинската управа на Република Македонија вчера спречи два обиди за нелегално изнесување на марихуана од државата, во вредност од над 200 илјади евра.

Во вториот случај откриен при излез на граничниот премин Табановце, двајца полски државјани дрогата ја сокриле во пластични шишиња во резервоарот на Алфа Ромео. Била откриена кога колата била прегледана со специјална камера. Шесте килограми марихуана биле спакувани во 12 пластични шишиња. Дрогата ја купиле во Албанија и имале намера преку Македонија да ја пренесат во Полска.
 Вредноста на запленетата дрога во двата случаи според проценките на Царината изнесува околу 200 илјади евра. Од почетокот на годината откриени се 23 обиди за пренос на марихуана преку македонските граници, при што се запленети 750 килограми марихуана.
 Шверцерите на дрога го користат секој агол од автомобилите за да ја пренесат преку граница. Во последните два случаи кои вчера беа откриени од маке

Пронајдете не на следниве мрежи: