На Македонија ѝ се потребни младите школувани кадри

Миграциските движења на населението се дел од животот на човекот уште од почетоците на неговото постоење. Уште во ка мено време, луѓето постојано мигрирале на нови места за живеење. Основната причина за тогашните миграции била постојаната потрага по нови места со подобри услови за живот. Во 1945 година, кога е основана организацијата на Обединетите нации, две третини од светската популација живеела во рурални средини. Во 2000 година, половина од човештвото живее во градовите.Се очекува до 2050 година две третини од луѓето во светот, или околу 6 милијарди од нив, да живеат во градовите. И додека се градовите главни центри на националното производство и на потрошувачката, на економските и на социјалните процеси што генерираат богатство и можност, тие исто така создаваат и болести, криминал, загадување и сиромаштија. Овој глобален тренд се рефлектира и во земјите во регионот. Особена грижа на балканската јавност се емиграциите на младите, школувани кадри.
Транзицијата како предизвик По падот на социјалистичкиот поредок во земјите од источна и југоисточна Европа, големи проблеми се забележуваат во однос на степенот до кој земјите во транзиција можеа да го подигнат реалниот доход и со тоа и на стандардот на живеење на својот народ. Транзицијата како процес, и покрај многубројните стратегии и конкретни мерки, сигурно е различно болна за земјите со различен степен на економски развој и сила.
Некои од стратегиите за полесно надминување на овие проблеми се:
– промовирање на поврзаностите на регионалната трговија и на инвестициите;– заложба за иновација и конкурентност на додадената вредност;– подигнување на нивото на конкурентност во приватниот сектор;– развој на инфраструктурата, еколошки и енергетски ефикасен раст;– развој на вештини, создавање вработувања итн.
Владата на Република Македонија преку реализација на проектот „Македонија вработува“, спроведува пакет мерки за вработување, со цел придвижување на економијата преку забрзано отворање и создавање нови работни места во приватниот сектор. Во Македонија мошне успешeн се покажа и „Проектот за самовработување со кредитирање“. Целта на овој проект е на заинтересираните невработени лица, активни баратели на работа коишто сакаат да започнат сопствен бизнис да им се овозможи поволен кредит со што ќе се отворат нови работни места и ќе се самовработат во областа на земјоделството, трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, услужните дејности итн. Проектот „Кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија)“ за отворање нови работни места овозможува стимулација на заинтересираните претпријатија да отвораат нови работни места, за што се поддржани со кредит во износ од 3.000 евра по лице. Претпријатијата добиваат кредит во износ од 3.000 евра по лице (за максимум 3 лица или вкупно 9.000 евра) со грејс период од една година и каматна стапка од 1%. Сличен е и проектот „Кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија)“ за отворање нови работни места за лица до 29-годишна возраст со кој се стимулираат заинтересираните претпријатија да отвораат нови работни места за млади лица до 29 години, за што се поддржани со кредит во износ од 4.000 евра по лице. Претпријатијата добиваат кредит во износ од 4.000 евра по лице (за максимум 3 лица или вкупно 12.000 евра) со грејс период од една година и каматна стапка од 1%.
Можност за слободно движење надвор од границите на државата Во јули 2003 година, бев на стручен престој, како логопед, во Бенцхајм, Германија. Никогаш нема да го заборавам тоа бедно, непријатно чувство, чувство на инфериорност и помала вредност како човек, додека стоев пред шалтерските служби на германската амбасада каде што го пополнував барањето за виза за престој во Германија. Нема да ги заборавам долгите дискусии и заложби, со моите колеги и колешки на стручните состаноци на логопеди и специјални рехабилитатори и едукатори, на кои јасно бевме насочени кон дејствување за изнаоѓање начини за признавање на нашите дипломи надвор од нашата држава, што денес, полека но сигурно – се остварува. За разлика од ваквата состојба во минатото, денес, во време на слободен визен режим, евтини летови, признати дипломи, знаење странски јазици, неминовност и очекување се почестите движења на луѓето надвор од границите на државата, најчесто заради потребата од привремен престој, но во одреден број и за постојан престој. Според податоците што ги дава Државниот завод за статистика на Република Македонија, на првото место како причина за иселување се наведени семејните причини, на второто место е вработувањето, на третото се брачните планови и на четвртото место причина е школувањето. Луѓето имаат различни мислења и ставови во врска со миграциите. Неодамна запознав една госпоѓа, која со радост ми раскажа за нејзините деца. Синот завршил постдипломски студии во Белгија и таму нашол убава работа, а ќерката завршила постдипломски студии во Норвешка и сега сака да остане таму, како асистент на факултетот. Сигурно е дека ваквите и слични стории се чести. Од друга страна, секако дека на нашата држава ѝ се потребни младите школувани кадри и загуба е нивното заминување, посебно ако таа бројка рапидно порасне. Тоа што може да се прочита во нашиот печат и во печатот на државите во регионот, е загриженоста поради одливот на стручните кадри. Но, исто така, не се ретки ни примерите на млади луѓе на кои не им се допаѓа тоа што го виделе надвор, како што вели младата девојка Дора од Хрватска, во врска со заминување на младите од Хрватска во Канада: ,,… во Канада нема избегнување работа, малку работа – малку пауза, цигари, кафе, муабетење по телефон. Тука се молчи и се работи. Многу често, со стекната диплома се работи како келнер, односно не се избира што ќе се работи, само да се остане.“ (https://www.vecernji.hr/hrvatska/emigracija-mladi-iz-hrvatske-bjeze-u-kanadu-novu-obecanu-zemlju-441097).
Според статистичките податоци публикувани од страна на Државниот завод за статистика на Република Македонија, во 2012 година се иселиле вкупно 1189 граѓани за кои е позната школската подготовка, во 2013 година вкупно 659 и во 2014 година иселени се вкупно 478 граѓани за кои е позната школската подготовка. Овие податоци за иселени граѓани на Република Македонија за сите 3 години, од 2012 до 2014 година, се дадени во табела бр.1 и на графичкиот приказ на слика бр. 1, кои следуваат.

Според статистичките податоци прикажани во табелата, во 2012 година, од иселените 1189 граѓани:
– 36 се без никакво образование;– 36 се со нецелосно основно образование;– 376 се со основно образование;– 556 се со средно образование;– 60 се со вишо образование;– 108 се со високо образование;– 11 се магистри и– 6 се доктори на науки.
Во 2013 година, од иселените 659 граѓани:
– 20 се без никакво образование;– 14 се со нецелосно основно образование;– 163 се со основно образование;– 325 се со средно образование;– 30 се со вишо образование;– 90 се со високо образование;– 16 се магистри и– 1 е доктор на науки.
Во 2014 година, од иселените 478 граѓани:
– 15 се без никакво образование;– 16 се со нецелосно основно образование;– 98 се со основно образование;– 229 се со средно образование;– 38 се со вишо образование;– 75 се со високо образование;– 4 се магистри и– 3 се доктори на науки.

Сл. 1 Графички приказ на иселените граѓани на Република Македонија од 2012 до 2014 година, според школската подготовка
И покрај намалувањето на бројот на иселени лица, особено на стручните кадри, постојан предизвик и фокус на нашата национална стратегија би требало да продолжи да биде, задржувањето на младите школувани кадри, преку создавање можности за вработување и напредување во кариерата.
Нермин Теловскамагистрантка по јавна администрација и политички наукиСе очекува до 2050 година две третини од луѓето во светот, или околу 6 милијарди од нив, да живеат во градовите. И додека се градовите гл

Пронајдете не на следниве мрежи: