Актуелниот прв човек на ДИК предложен од СДСМ, е редовен посетител на митинзите и протестите организирани од опозициската партија. Чичаковски во 2004-та година беше во првите редови на митинзите организирани од екс-лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.Но, кога навистина треба да си ја врши работата за која зема пари од џебот на граѓаните, Чичаковски се крие. Денес е недостапен за новинарите, а вистинска потрага по него водат и членовите на ДИК. Сопартиецот на Зоран Заев одбивал да се појави на своето работно место, а молчи за одговорите кои јавноста од него ги бара.
Несериозниот пристап за она за што е должен да го сработи го потврди и пред два дена, кога не се појави на средба повикан од премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев.
Молк во ДИК за повикот од владејачката партија
Молк во Државната изборна комисија по повикот на ВМРО-ДПМНЕ денес ДИК да одржи јавна седница или работен состанок на кој би се дискутирало околи ингеренциите, законските обврски и можности кои ги има изборната комисија. Од ДИК се уште нема одговор дали ќе се одржи дебата за изборите кои треба да се одржат на 24 април според договорот од Пржино на кој потпис ставија лидерите на четирите најголеми политички партии.
Претседателот на ДИК Александар Чичаковски и портпаролот на Државната изборна комисија денес не одговараат на телефонските повици и СМС пораки на нашите новинари за да дадат одговор дали ДИК планира да свика јавна седница и дали изборната комисија има донесено одлука за тоа дали може изборите да се одржат.
ДИК не е политичко, туку извршно тело кое има за задача да ги спроведе сите постапки кои се однесуваат на изборите. Притоа истата не е попречена во извршување на своите задачи.
За потсетување, членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на денешната прес-конференција ја повика ДИК до крајот на денот да одржи јавна седница на која би присуствувале најмалку два члена од четирите големи политички парии кои го ставија својот потпис на пржинскиот договор.
Димовски посочи дека би било добро седницата да се пренесува во живо и ги повика во дебатата да се вклучат и заинтересираните меѓународни претставници кои го следат изборниот процес.
-Само на овој начин ќе бидеме убедени и ние како политичка партија и граѓаните во искреноста на целокупниот процес кој досега го водевме од аспект на неговата крајна цел, а тоа е конечен излез од кризата во која на вештачки начин беше втурната Македонија. Само на овој начин граѓаните од прва рака ќе ги видат аргументите и ќе може сами да судат околу фактите и проценките. Според информациите кои до нас стигнаа од ДИК и странските експерти кои таму работат, вкрстувањето на податоците, во најлош случај, со мрзлива и неодговорна работа може да се заврши за максимум 14 дена, истакна денес Димовски.
За кого работи Чичаковски?
Александар Чичаковски во ДИК дојде како така наречен независен експерт, но во неговата биографија може да се прочита дека бил дел од серија на проекти финансирани од СОРОС што го потврдува сомнежот дека работи во координација со Заев, чија единствена цел е да побегне од граѓаните и нивната оценка на изборите.
Тој денес требаше да биде достапен да ги даде одговорите кои и ги должи на јавноста. Но Чичаковски има време да биде дел од митинзите на СДСМ и да ја поддржува јавно опозициската политика, а кога треба да работи тогаш е недостапен.Но, кога навистина треба да си ја врши работата за која зема пари од џебот на граѓаните, Чичаковски се крие. Денес е недостапен за новинарите, а ви