НА НАЈДОБРАТА ПРИЈАТЕЛКА Ѝ ПЛАЧЕЛА НА РАМО ПО РАЗВОДОТ: Одеднаш, шок!

Животот бил идеален за Кетрин Мекги. Очекувала трето дете со сопругот, со нејзината сродна душа. Нејзината најдобра пријателка, со која се дружела од својата шеста година, Лин Хоган, живеела отспротива.Но, романтичната приказна набрзо се распаднала. Нејзиниот сопруг Џон Меклахлан, со кој поминала 21 година заеднички живот, одеднаш заминал од нејзиниот живот, велејќи ѝ дека не ја сака. Поради големиот шок го изгубила и бебето.
Додека се обидувала да продолжи со животот, дознала дека Лин се развела од соругот и дека Џон се вселил кај неа. И не само тоа,  тие очекувале и бебе.
„Ги изгубив двете најважни личности во мојот живот. Што е најлошо, живеат во моја близина“ – заплакала Кетрин (37).

„Бев среќна што ја имам Лин откако Џон си замина. Со часови плачев на нејзиното рамо. Но, кога видов дека автомобилот на Џон е паркиран пред нејзината куќа, почувствував мачнина во стомакот. Одеднаш, сѐ имаше смисла“ – вели таа.
Кога се обидела да се соочи со нив, тие ѝ одговориле дека сакаат да комуницираат само преку адвокат.
„Требаше да ги забележам знаците. Џон го носеше мобилниот со себе и кога одеше во тоалет. Секој пат кога Лин ќе дојдеше кај мене, тие имаа обичај да разговараат цела ноќ. Мислев дека тоа е нешто невино. Можеби звучи глупаво, но и двајцата ми недостигаат“ – изјавила тажната Кетрин.

Пронајдете не на следниве мрежи: