Пливањето и трчањето низ водата ќе ги покажат резултатите само по неколку дена.Дали сте знаеле дека со еден час вежбање во вода можете да согорите околу 450 калории? Пливајте или трчајте низ морска вода или во базен, и исикористете го одморот да го затегнете вашето тело.
За сите стилови на пливање ви се активираат речиси сите мускулни групи. Ако пливате градно работат повеќе нозете, градите и рацете, но на еден специфичен начин, најмногу се активира внетрешната ложа. Кај грбното пливање се зајакнуваат задните мускули, рамења, раце, тоа е исто така корисно за исправување на грбот, додека стилот пеперутка е еден од најтешките и за него е потребно многу сила. Ако пливате повеќе стилови, ќе ги употребите сите мускули на телото.
Секојдневно два до три пати по половина час пливање во слободен стил и со редовност на овие активности многу брзо ќе дојдете до телото што го посакувате веќе подолго време.
Еве колку калории ќе изгубите со пливање:
500-700 калории согорувате за еден час пливање слободен стил.
750 калории согорувате за еден час градно пливање.
800 калории ќе согорите за еден час пливањње делфин.
500 калории согорувате за еден час грбно пливање.
Со изгубените калории и се губи целулитот.Дали сте знаеле дека со еден час вежбање во вода можете да согорите околу 450 калории? Пливајте или трчајте низ морска вода или во базен, и исикори



