Бујар Османи, вицепремиер во кабинетот на Зоран Заев, забелешките кон текстот на Договорот со Бугарија ги смета за „емоционални“, а не рационални, а владата не била тука за решавање на емоционални проблеми. Национален интерес на земјата биле евроатланските интеграции, а не заштитата на македонскиот идентитет и посебност. За Османи од позиција на македонски вицепремиер за европски прашања, не му е важно тоа што во меѓународен документ во опасност се доведува македонскиот идентитет, со оспорувањето на македонскиот народ и македонскиот јазик, туку планот „3-6-9“ кои наводно ќе ја внесе Македонија во ЕУ, а во кој секако е сместен и Законот за јазици.
По ваквите ставови на Османи, кои се надоврзуваат на изјавите на бугарската шефица на дипломатијата Захариева, која во настапите на работ на ширење на омраза негира постоење на македонски јазик и народ и дека договорот е „Затворен“, Зоран Заев мора да одговори дали и тој на заштитата на македонскиот идентитет гледа како на „емоционално прашање“ или како на највисок национален и државен „рационален“интерес.
Заев, како претпоставен на Османи, треба да одговори и дали евроинтеграциите се пред заштитата на македонскиот идентитет и посебност?
Османи пак треба да одговори дали е „емоционално“ и „рационално“ што тој заедно со неговиот лидер трчаат во Тирана, а Албанија ги постави условите за формирање на владино мнозинство преку тиранската платформа, доколку Македонија „емоционално“ треба да се откаже од Македонците надвор од границите?
Последователно, заедно се очекува да одговорат, како тоа прашањата за албанскиот јазик, како дел од таа тиранска платформа во земјава треба да се гледаат како „рационални“ и „неемоционални“ и влегоа во „европските закони“?За Османи од позиција на македонски вицепремиер за европски прашања, не му е важно тоа што во меѓународен документ во опасност се доведува македонс