Дали би преживеале доколку се најдеме на пуст остров е прашање кое си го поставуваме одсекогаш. Но едно е да се прашуваме, а друго е да се снајдеме доколку тоа навистина ни се случи. Аватуристот Беар Грилс месец дена ќе остави тринаесет британци на далечниот и ненаселен пуст остров во Тихиот океан.Тие ќе бидат принудени сами да се снаоѓаат, сами да снимаат, имајќи со себе само облеката која ја носат и некои основни алатки. Навидум рајскиот остров се претвора во вистински пекол кога ќе се оддалечат од плажата. Дали овие тринаесет британци ќе успеат да преживеат лишени од секаков луксуз и поволности кои ни ги нуди 21 век?
НА ОСТРОВ СО БЕАР ГРИЛС е екстремен експеримент за преживување во кој ќе видиме дали модерниот човек е доволно отпорен и снаодлив да преживее. Дали луѓето кои Беар Грилс ги остава на островот ќе се присетат на вештините на своите предци за длабоко во себе да го пронајдат ловецот? Што тие ќе успеат да научат за себе откако потполно ќе им се измени начинот на живот на кој се навикнати? Погледнете ја таа приказна и нивните сведочења во серијалот НА ОСТРОВ СО БЕАР ГРИЛС кој премиерно ќе се емитува на 1 Март во 22 часот на Дискавери Каналот.
Уште во првата епизода овие тринаесет луѓе ќе станат свесни за тешката задача борејќи се со плимата и пробивајќи се низ густата островска вегетација. Оставени да се снаоѓаат само со облеката која е на нив и неколку основни алатки, тие веќе се наоѓаат во опасност од прегладнување бидејќи од нивниот последен оброк поминаа 48 часа. Затоа тие мора најитно да најдат вода и храна. Во втората епизода ситуацијата прераснува во трка за преживување, да се обезбеди храна за кампот пред да станат преслаби за ловење.
Додека натпреварувачите се уверуваат колку немилосрден е островот дури и спрема најсилните, еден член во потрага по храна ја напушта групата. Останатите членови се наоѓаат пред тешка одлука, дали да го бараат или да го остават да се снаоѓа сам. Во продолжението на серјата луѓето се борат со хроничен недостиг на храна што ги прави слаби, но и покрај тоа тие мора да успеат да најдат сили да се борат затоа што кампот се подели на две групи кои меѓу себе се наптпреваруваат во пронаоѓање на храна. Четвртата недела животот на островот тече отежнато бидејќи луѓето немаат доволно храна за преживување. И додека животот на островот се распаѓа, може да се види како овој напорен експеримент влијае на телата и умот на луѓето.
Не пропуштајте го серијалот НА ОСТРОВ СО БЕАР ГРИЛС на Дискавери каналот.
Ова е сурова, возбудлива и иноватвна приказна за преживување 13 луѓе и за тоа што всушност значи да се биде човек во 2015 год.
Тие ќе бидат принудени сами да се снаоѓаат, сами да снимаат, имајќи со себе само облеката која ја носат и некои основни алатки. Навидум рајскиот ос