Фотографијата од едно дете кое е бездомник, снимена во градот Манила – Филипини, е одличен пример за добро познатата мисла која вели дека кога постои волја, постои и начин, а кога не постои волја, тогаш тука е изговорот. Во овој случај, тука нема никакви изговори.Детенцето е снимено како пишува домашна задача на улица, покрај светлина што доаѓа од ресторанот на Мекдоналдс во близина. Фотографијата ја снимила студентката по медицина, Џојс Торефранка и ја објавила на Фејсбук.
Детенцето на фотографијата се вика Даниел Кабрера. Неговиот татко починал, а тој останал без покрив над глава кога неговиот дом изгорел во пожар. Тој често питачи заедно со неговата мајка во близина на ресторанот. И покрај сѐ, тој е одлучен да продолжи да се образува.
„Тој е среќно дете. Интелигентен е и сака да учествува во дебати, постојано поставува прашања и започнува дискусии“, рекла неговата учителка Росалина Детуја.
„Мене ме школуваат моите родители, учам по библиотеки и кафулиња. Приказната на Даниел ме плесна по лицето. Ми даде инспирација и ме мотивираше уште повеќе да се трудам и да бидам благодарна“, изјавила студентката која ја објавила фотографијата.
Откако животната приказна на Даниел го заобиколи светот, Џојс додала:
„Не помислив дека една обична фотографија може да направи толку многу. Ви благодарам што ја споделивте оваа приказна. Благодарение на сите вас, успеавме да му помогнеме на Даниел да си ги оствари соништата. Се надевам дека неговата приказна ќе го инспирира светот и ќе нѐ мотивира сите нас во моментите кога ќе се најдеме во тешка ситуација“.Детенцето е снимено како пишува домашна задача на улица, покрај светлина што доаѓа од ресторанот на Мекдоналдс во близина. Фотографијата ја снимила



