На оваа намирница никој во светот не е алергичен

Слободно конзумирајте го што почесто.Веќе одамна се познати  придобивките за здравјето  од маслиновото масло поради изболиството од антиоксиданси и незаситени масни киселини, а новите истражувања покажуваат дека и  самата арома на маслиновото масло има позитивни дејства на здравјето.
На сите веќе им е познато дека маслиновото масло е многу здраво, а легендите за неговите придобивки датираат од дамнешна историја. Незаситените масни киселини, витамин Е, стероли и полифеноли, се само некои од состојките кои оваа намирница ја прават вредна, корисна и  здрава.
Се верува дека маслиновото масло штити од покачен холестерол, висок крвен притисок и  срцеви болести и се верува дека би можело да има и  слична улога и против мозочниот удар“, истакнуваат светските медицински експерти, а таа улога на маслиновото масло  му е позната и на народот.
Но, во светот во кој алергиите се еден од поголемите проблеми на многу луѓе во светот, без оглед на годините, една информација е многу  слабо позната. Имено, маслиновото масло е намирница на која скоро никојво светот не е алергичен! Покрај сите лековити своиства кои ги поседува, фактот дека не може да биде ни тивка закана навистина многу значи!

 
Во опсежните истражувања, сериозната реакција  на маслиновото масло е многу ретка. Забележани се три случаи кон кои луѓето  покажале алергиска реакција при голтање на маслинки. Еден извештај на алергија на маслинка е опишан како  реакција на полен. Кожните алергиски реакции како што се дерматитис или осип  од маслиново масло многу ретко се пријавени, а се карактеризираат како невообичаени.

Која е евентуалната причина за алергијата на маслиновото масло?
Мал број на луѓе во светот кои се алергични на маслиново масло всушност реагираат на протеините кои се наоѓаат во него. Симптомот кој се јавува при таа алергија е пречувствителностна телото на протеините. Кога кожата ќе дојде во допир со маслиновото масло имуниот систем се обидува да се спротивстави. Настануваат антитела  и хистамин кои доведуваат  до симптоми на алергија кои се вообичаени и кај најчестите алергии на храната.Веќе одамна се познати  придобивките за здравјето  од маслиновото масло поради изболиството од антиоксиданси и незаситени масни киселини,

Пронајдете не на следниве мрежи: