Многу луѓе се плашат да останат сами. Се плашат дека нема да најдат вистинска љубов, дека нема да имаат среќа да ја запознаат вистинската личност. Но постојат 3 типа на жени кои навистина треба да се плашат дека ќе останат сами.
Премногу негативна
Овие жени во сите работи го гледаат најцрното. За што и да станува збор, тие ќе го најдат најлошото во тоа. Дури и ако најде маж кој и е сличен, таа се ќе расипе, бидејќи цело време ќе ги бара неговите маани и негативни особини. Нема да и се допадне како јаде, која боја се неговите чорапи, начинот на кој што зборува и слично.
Овие жени се осудени да бидат само поради неколку работи. Прво, тоа што бараат совршен маж, што не постои, и тоа што,и ако најде некој кој е скоро па совршен за неа, ќе почне да се концентрира на неговите негативни страни. Втората причина е тоа што негативноста раѓа негативност. Кога ќе се фокусирате само на најлошото, само тоа и ќе гледате.
Премногу позитивна
Оваа е другата крајност со сосема поразлични проблеми. Оваа жена и во најцрните моменти пронаоѓа позитивност. Нејзиниот позитивен став и помага во луѓето да го гледа само најдоброто, брзо да пронајде решение за нејзиниот проблем и дава надеж дека се ќе заврши најдобро што може. Сепак, таквиот став може да и донесе проблеми од друг вид. За почеток, поради своите розеви очила, таа не приметува кога нешто е лошо.
Овие жени не можат да сфатат дека не се која личност е добра за нив кога е во прашање врска. Не сфаќа дека некои личности не се снаоѓаат добро во врската, ја игнорира реалната ситуација и продолжува да размислува позитивно. Нејзината слика многу се разликува од реалноста. Некогаш сонцето не сјае зад облаците. Во најдобар случај, таа само се залажува, а во најлош, таквиот начин на размислување може да биде опасен за неа.
Жена која верува во судбина
Овој тип на жени работите околу себе ги објаснува како нешто „што било судено да се случи“. Така сакал Господ, универзумот или нешто друго во што верува. Овој тип на жени ги пратат месечевите мени, хороскоп и астролошките предвидувања. Таа секаде околу себе гледа знаци и чека судбината да ја одведе по одреден пат до човекот на нејзиниот живот.
На оваа жена и е судено да остане сама, биејќи очекува дека се ќе и дојде само по себе. Кога луѓето веруваат дека се им е судено, помалку се трудат и се неодлучни. Ако треба нешто да се случи, ќе се случи што и да направат, бидејќи така им е судено. А тоа не е точно. Овие жени седат и чекаат животот да им донесе се што сакаат наместо да се изборат за тоа што го сакаат и затоа остануваат со празни раце.