Во моментот на најголемата животна крстосница од збунетост и изгубеност, Маурисио Естреља се сетил на советот од поранешниот шеф. Направил лозинка за до го промени својот живот. И успеалМаурисио Е. се вратил еден ден од работа уморен и нервозен. Доцнел. Се брзал. Имал уште 20 минути до состанокот. Во главата му се вртела само една мисла „како можеше да ми го направи тоа“. Бил во процес на болен развод. Во тој момент на копјутерот му се јавила порака дека му истекла лозинката. Имал многу малку време до состанокот, и тогаш се сетил на советот од поранешниот шеф:„Користи лозинка за за да си го промениш животот“. Бил свесен за целта која треба да ја постигне, бидејќи на емотивно поле бил прилично изгубен. Неговата нова лозинка станала : Forgive@h3r во превод прости и.
Лозинката прости и морал да ја користи неколку пати во денот, месец дена.
Таа мала ситница му го променила начинот на кој до тогаш размислуввал за поранешната сопруга, за бракот и депреијата во која се повеќе тонел. Расположението драстично му се променило, а веќе кон крајот на другата недела почуствувал дека лозинклата е помалку ефективна. Му се чинело дека навистина и простил секој пат кога ќе ја напишел лозинката.
Следниот месец новата лозинка му била Quit@smoking4ever (престани да пушиш засекогаш). И овој пат му успеало.
Еве неколку лозинки на Маурицио и нивните (не)успешности:
Save4trip@thailand (Штеди за пат на Тајланд), по три месеци отишол на Тајланд, патот и сместувањето ги платил од заштедата.
Eat2times@day (јади два пати дневно), не успеало се уште има проблени со килограмите.
Sleep@before12 (Легни да спиш пред полноќ), успеало.
Ask@her4date (покани ја на состанок), успеало. Се заљубил повторно.
No@drinking2months (не пиј два месеци), успеало и се чуствува многу подобро.
Facetime2mom@sunday (разговарај со мајкати во недела), разговара со мајка му секоја недела.
Save4@ring (штеди за прстен), тоа е неговата последна лозинка, за која е сигурен дека ќе успее да му помогне во животот.Маурисио Е. се вратил еден ден од работа уморен и нервозен. Доцнел. Се брзал. Имал уште 20 минути до состанокот. Во главата му се вртела само една



