За да ги натерат на парење големите панди, ветеринарите во еден кинески истражувачки центар се досетиле на интересно решение.
Тие, всушност на петгодишната Ки Лин и мажјакот Јонгујонг им пуштиле снимка од парење на панди во дивината, надевајќи се дека тоа ќе ги натера на раѓање на бебе панда во истражувачкиот центар во Ченгду, пренесува Daily Mail.
„ Секогаш кога Јонгујонг се обиде да и се нафрли Ки Лин го бркаше и бевме загрижени дека ќе поминат нејзините три дена од циклусот за парење. Поради тоа им пуштивме филм, кој за чудо ги заинтересира. После тоа беа незапирливи и парењето беше успешно. Во дивината таа би видела многу парови како се парат, но овде таа немаше прилика каде да види, па разбирливо беше дека и треба помош“, изјавуваат од центарот.
Успешноста при парењето на големи панди во затвореништво е исклучително мала, освен што имаат многу мал период за парење , женките се познати и по тоа што многу тешко го избираат партнерот, а парењето во за нив е многу важно поради фактотдека во дивината се веќе на работ од изумирање, поради масовното уништување на шуми од бамбус во Кина и југоисточна Азија.За да ги натерат на парење големите панди, ветеринарите во еден кинески истражувачки центар се досетиле на интересно р