На партиски состанок Заев доаѓа со обезбедување.Во неделата највисоките партиски органи на вонреден состанок одлучуваа за начинот на дејствување на партијата по одлуката за апсење на Мирослав Шиповиќ и сомневањето кое го има обвинителството за сторен криминал од над еден милион евра.
Извори од СДСМ велат дека лидерот на СДСМ, за цело време на состанокот дури и во партиските простории каде се собира поширокиот состав на раководството на СДСМ бил со лично обезбедување.
Од присутните на состанокот тоа не останало незабележано и биле вчудоневидени од присуството на бодигардите особено што тоа до сега не било пракса и од фактот сто се работело за партиски состанок каде присуствуваат исклучиво партиски членови на СДСМ.
-Зад кулоарите коментарите биле од кого се плаши Заев па шета со телохранители во штабот на СДСМ, зарем и од своите се плаши, велат извори од СДСМ.
На вонредниот проширен состанок беше одлучено СДСМ повеќе да не учествува во работната група во Собранието за 24 декември, а нејзините градоначалници го замрзнуваат своето учество во ЗЕЛС.
КурирВо неделата највисоките партиски органи на вонреден состанок одлучуваа за начинот на дејствување на партијата по одлук