Портпаролот на Специјалното јавно обвинителство Ленче Ристовска делумно призна дека двајцата наводни експерти кои во јавноста преку медиумите ги бранеа ставовите на опозицијата и СЈО, Светомир Шкариќ и адвокатот Александар Тортевски, се платени токму од Катица Јанева.Ристовска не потврди со сигурност кои се лица се наоѓаат на платниот список на СЈО ветувајќи им на новинарите дека ќе достават листа.
-Да, професорот Шкариќ и адвокатот Тортевски се, мислам дека се ќе мора да проверам, меѓутоа мислам дека се ангажирани од ова Јавно обвинителство со тоа што детална листа за ангажирани експери ќе ви биде дополнително дадена, истакна Ристовска.
Зачудува фактот што Ристовска не знаеше да наброи колкумина “независни” експерти добиле пари од СЈО, особено заради тоа што станува збор за лица добро познати во јавноста. Истакна дека надоместокот кој тие го добиваат ќе биде објавен во рамки на шест месечниот извештај на СЈО.
-Пред нивниот ангажман изработен е правилник врз основа на кој определување критериуми по кои ги ангажираме експертите и се определува секако надоместокот на експертите. Сите нивни примања ќе бидат дел од шест месечниот извештаја кој транпарентно ќе биде објавен во септември, посочи Ристовска.
И покрај потврдата од Ристовска, Тортевски пред извесно време демантираше дека бил плаќан од СЈО.
-Категорички изјавувам дека од СЈO немам добиено ниту еден денар, ниту сум бил во нивните простории, ниту знам каде се наоѓаат. Се што досега сум кажал за СЈО е резултат на моите лични убедувања и на мојата совест. Инаку, навистина ми е жал што не сум дел од тимот на СЈО, а доколку тие проценат дека можам да им бидам од било каква полза, тогаш сигурно ќе прифатам, вели Тортевски.Ристовска не потврди со сигурност кои се лица се наоѓаат на платниот список на СЈО ветувајќи им на новинарите дека ќе достават листа.
-Да,