Цените на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,96, односно за 1,2 отсто.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат 61 и 63 денари за литар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 48, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 36,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,15 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 22,763 денари за килограм.
Како причина за промената на цената на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 2,6 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите14 дена и за 0,42 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,96, односно за 1,2 отсто.