На половина лекување – 14 лекари решиле да не се плаќа повеќе за Кико

„Живееме во страв дека ќе мора да се вратиме во Македонија на половина лекување и дека ќе го изгубиме детето.“Малиот херој Христијан кој е на лекување во една германска болница, и по третпат му е трансплантирана коскена срцевина, а се одржува со хемотерапија за да може да ја победи болеста, за која лекарите сe  уште не можат да постават точна дијагноза.
Kико уште како новороденче страдал од ретко заболување, па за нашите лекари единствено решение им било да го испратаt на лекување во некоја голема европска клиника за деца. Лекарските комисии кои одлучуваат за лекување во странство, сметале оти се исцрпени сите можности за спас на детето. Четиринаесет врвни лекарски имиња едногласно донеле решение да се одбие последното барање за продолжување на лекувањето, со образложение дека нема медицинска индикација и оправданост за продолжување на лекувањето, велат од Фондот за здравство.

 Не оставија на цедило! Фондот за здравство веќе не ни го плаќа лекувањето. Живееме во страв дека ќе мора да се вратиме во Македонија на половина лекување и дека ќе го изгубиме детето. За среќа, д-р Милер, од Kлиниката „Епендорф“ во Хамбург – Германија, одговорен за Kико, не се откажа, не се откажуваме ниту ние како родители, вели за Дневник Драган Тодоровски, татко на Христијан кој веќе една година се бори за живот и за болеста за која докторите се уште немаат име.
Повеќе на: МКD-newsМалиот херој Христијан кој е на лекување во една германска болница, и по третпат му е трансплантирана коскена срцевина

Пронајдете не на следниве мрежи: