На престижен саем во Кина се претстави нашата најголема кондиторска компанија Витаминка

Прилепска Витаминка со изложување на дел од широката палета сопствени производи се претстави пред еден од светски највлијателните саеми на кондиторски производи, саемот China-CEEC Expo за инвестиции и трговија со храна. „Фактот што бевме дел од овој саем значи дека го добивме и признанието за квалитет на нашите производи кои ги задоволуваат високите стандарди во Централна и Источна Европа. Саемот China-CEECExpo е еден од водечките саемивоопшто заради големиот број учесници но и заради тоа што во фокусот има инвестиции и трговија, а не само изложување и затоа претставува исклучителна можност за сите присутни.Големиот број изложувачи, увозници и посетители, ни даде одлична можност за презентирање на нашите производи, зацврстување на веќе воспоставените бизнис врски, но во исто време и можност за иницијални контакти со потенцијални соработници и истражување на условите за проширување на пласманот на производите и остварување на планираните стратешки и бизнис планови“, изјави Љупчо Велески, директор за извоз во Витаминка.
 
На саемот во Нингбо, Кина, освен Витаминка, се претставија и светски познати и реномирани компании од 16 земји од Централна и Источна Европа.
                                                                                      
China-CEECExpo изложбениот саем беше организиран од Министерството за Комерција на Кина и претставува првата сеопфатна инвестициско – трговска платформа која се воспоставува помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа (CEEC). 
„Фактот што бевме дел од овој саем значи дека го добивме и признанието за квалитет на нашите производи кои ги задоволуваат висок

Пронајдете не на следниве мрежи: