На природен начин излечете ја досадната кашлица!

Со почетокот на учебната година на ред доаѓаат и разни вирози, настинки, растечен нос  како и кашлица.Подгответе се на време и направете им го на вашите деца овој потполно природен сируп против кашлање.
Кашлицата кај децата но и кај возрасните може да е многу упорна и досадна и да трае многу долго.Кога се во прашање децата главно купуваме сирупи на природна база, но и кога пишува дека сите состојки се природни секогаш се наоѓа некој за кој не знаемо што значи.
Овој рецепт е делотворен, многу вкусен и сосема природен.Може да го користат  и возрасни и деца над една година.
Се што ви е потребно е:
½ чаша органски мед
½ чаша екстра девичанско маслиново масло
5 органски лимони

Сите состојки измешајте ги и ставете ги на оган да зовријат.Извадете ги од оган и оставете да се олади на собна температура а потоа префрлете во чиста и сува тегла која ќе ја чувате во фрижидер.
Земајте по една лажица повеќепати на ден по потреба.Штом почувствувате дека настинувате земајте повеќе од сирупот.
Во следното видео можете да видите и како се прави:

С.А.

Пронајдете не на следниве мрежи: