На протест во Нови Сад се појавиле и претставници од македонската „Шарена револуција“

Протестот „НЕ ДАМО РТВ“ го поддржале и претставници од иницијативата „НЕ ДА(ВИ)МО БЕОГРАД“.Пред зградата на РТВ е изведена импровизирана сатирична тв-емисија Отворено студио, во која учевствувале водителот Зоран Кесиќ, новинарот од порталот Њуз нет Виктор Мрковиќ и блогерот Тибор Јона, а емисијата ја водел Дашко Милиновиќ од Младинското радио. Емисијата била посветена на извештајот од таблоидот Информер и оптужбата на тој весник дека луѓето кои ги организираат протестите за поддршка на РТВ се всушност странски платеници.
Повеќе од илјада граѓани се собрале во понеделникот вечерта во Нови Сад, на третиот по ред уличен протест, поради смената на Радио телевизија Војводина.
Протестот почнал пред зградата на РТВ, со импровизирана сатирична телевизиска емисија.
Виктор Марковиќ рекол дека многу добро се снаоѓа како „странски платеник“ и дека му е драго што е „богат“.
Една од сменетите водителки на РТВ, Милица Кравиќ, рекла дека поминале три недели откако се побарани оставки на Управниот одбор на таа медиумска куќа и додала дека раководството на РТВ во потполкност ги игнорира барањата на демонстрантите.
Таа рекла дека нема да се помират и да се откаѓат од протестите.
Протестите ги поддржале и претставници на иницијативата „Не да(ви)мо Београд“, Шарената револуција од македонија, студентите по новинарство од Нови Сад и бројни невладини организации.Пред зградата на РТВ е изведена импровизирана сатирична тв-емисија Отворено студио, во која учевствувале водителот Зоран Кесиќ, новинарот од портал

Пронајдете не на следниве мрежи: