Триесет итри лица се приведени во неделата на протестите против сиромаштијата и корупцијата во престолнината Софија на кои се собрале најмалку 10 илјади демонстранти, објави во понеделникот бугарското министерство на внатрешни работи.Низ цела Бугарија во неделата, претежно мирно, граѓаните го изразуваа своето разочарување од политичарите откако минатата седмица, на 20-ти февруари, оставка поднесе владата на премиерот Бојко Борисов.Во текот на вечерта и ноќта, сепак, се случиле вандализми. Млади лица почнале да уништуваат автомобили и палеле контејнери за отпад, соопшти во понеделникот претпладне Валериј Јорданов, шеф на полицијата во Софија, за бугарското државно радио. Вкупно обиле и приведени и веднаш против нив подигнати обвиненија за хулигантство 30 лица, додаде Јорданов.Три лица вооружени со хокеарски палки, боксери и ножеви се приведени пред почетокот на протестите, додаде началникот на софиската полиција.Бугарското Народно собрание минатиот четврток на 21-ви февруари, ја потврди оставката на владата на Борисов предводена од неговата партија ГЕРБ (Граѓани за европски развој на Бугарија), откако владата во средата под притисок на протестите се реши на овој чекор. Претседателот Плевнелиев сега мора да формира експертски технички владин кабинет кој ќе биде задолжен за организација и спроведување на предвремените парламентарни избори пролетва.
МакфаксТриесет итри лица се приведени во неделата на протестите против сиромаштијата и корупцијата во престолнината Софија на