Иако работодавачите би го сакале тоа, вработените не се роботи и не можат да бидат на висина на задачата во текот на осумте работни часа.Европски научници анализирале околу 2000 работници и утврдиле дека луѓето се најмалку продуктивни точно во 14:22 часот.
На многумина им паѓа концентрацијата три пати неделно, а најчести причини се високите температури во канцеларијата, недоволен сон и многу работа.
На попладневниот пад на концентрацијата допринесува и обилниот ручек и дехидрираноста. Повеќе од третина вработени забележуваат дека колегите се несконцентрирани како и тие, три од десет се фатени во таква фаза, а четвртина поради тоа имале проблеми со шефот.
Најчести последици од падот на концентрацијата се: праќање меил на погрешно лице, неспособност за следење на состаноци, заборавање на имињата на колегите, правење грешки на важни документи, а поединци дури тогаш ги исклучуваат телефоните бидејќи „немаат сила за разговор“.
Во просек, вработените се будат во 6:43 часот, а во кревет заминуваат во 22:29 часот за да се наспијат. Но, третина се будат изморени, со желба побрзо да дојде викенд, а секој десетти од креветот скокнува расположен за нови работни победи.Европски научници анализирале околу 2000 работници и утврдиле дека луѓето се најмалку продуктивни точно во 14:22 часот.
На многумина им паѓ