Дали и покрај сите актуелни случувања на Крим претставниците на Русија ќе пејат на евровизиската сцена во Копенхаген?Социјал-демократскиот политичар од Данска Ласе Куванг Расмунсен побарал од Данската Телевизија и од Европската Унија за Радиодифузија оваа година да и забранат учество на Русија на претстојниот Евросонг кој ќе се одржува на 6ти, 8ми и 10ти Мај во Копенхаген.
Расмунсен предложил овој подег да биде составен дел од санкциите кои западните земји и ги наметнаа на Русија поради скорешните случувања на Крим.
Пернила Гаардбо, главниот уредник на Евросонг за оваа година, изјави дека дисквалификација на Русија нема да има. Според Гаардбо, Данската телевизија годинава има задача да приреди три прекрасни претстави и да ја обедини Европа преку песна, па ограничувањето на која-билоземја не доаѓа предвид.
Русија годинава на Евросонг ги праќа близначките Толмачеви, кои во 2006 година и ја донесоа првата и за сега единствена победа на Русија на Детскиот Евросонг.Социјал-демократскиот политичар од Данска Ласе Куванг Расмунсен побарал од Данската Телевизија и од Европската Унија за Радиодифузија оваа година д