Ешли Луис и Алекс Денисон, неодамна станале горди сопственици на прекрасниот германски овчар Насра. Но, со оглед на тоа дека биле свесни колку брзо растат овие кучиња, развојот на својата омилена миленичка решиле да го фотографираат на секои месец дена.На секоја фотографија, Ешли ја држи Насра во раце, а резултатот се прекрасни фотографии од развојот на Насра од осум недели старо кученце, до осум месечна голема девојка.
Парот одлучи да ги објави фотографиите на Редит, а тие многу брзо станале популарни и почнале да се споделуваат по социјалните мрежи. За кратко време собрале повеќе од 3 милиони прегледи на Имгур.
Секоја фотографија била снимена на исто место, за да се нагласи колку Насра брзо пораснала.
„Навистина се изненадивме од популарноста на фотографијата. Никогаш не очекувавме дека некој ќе ги види надвор од нашиот круг на пријатели, а камоли целиот свет“ – изјавил Алекс за The Huffington Post.
Ешли додала дека сакале да нагласат колку Насра врзо расте, поради што секоја фотографија била снимана на иста позиција и во иста облека.
„На првите четири фотографии ја држев со леснотија, но петтата веќе беше доста комлицирана. Последната моравме многу брзо да ја снимиме“ – се насмеала Ешли.На секоја фотографија, Ешли ја држи Насра во раце, а резултатот се прекрасни фотографии од развојот на Насра од осум недели старо кученце, до осум