На сериски убиец му забраниле евтаназија: „Ако ме пуштат на слобода, повторно ќе убивам“

Франк Ван Ден Блекен (52), сериски убиец и силувач од Белгија кој е осуден на доживотен затвор, во неделата требаше да биде евтаназиран како прв затвореник на кој му беше одобрена таа процедура, но целата постапка пред три дена ја откажал министерот за правда.„И јас сум човек, без разлика што направив. И ќе останам човек, со право на хуманост и милосрдие. Опасен сум за општеството, бидејќи никогаш нема да можам да ги совладам моите насилни сексуални нагони и затоа не сакам привремено да бидам пуштен на слобода, а со доживотниот затвор тешко се справувам зашто нема никаква смисла. Мојот живот е 24-часовен престој во самица, што е нехумано. Дали треба и понатаму да седам и да си го трошам времето? Која е поентата? На сексуалниот престапник, како и на секој друг криминалец му е потребна помош, а тоа не значи само да се заклучи во некоја просторија. Тоа никому не му помага: ниту нему, ниту на општеството, па ни на жртвите. Од тие причини, сакам да ми се одобри евтаназија“, бранејќи го своето право за достоинствена смрт, Франк Ван Ден Блекен апелира да му се одобри барањето.
Самата појава на тој сериски убиец и силувач, е збир од крајности што дури и на наивен човек му оставаат впечаток дека станува збор за опасен човек: зборува невротично, со глас кој изгледа како никогаш да не мутирал во телото на крупниот маж со детско лице кое има злобен израз, кој отворено признава дека повторно би убил доколку се најде на слобода.
Франк Ван Ден Блекен, последните триесет години ги мина во затвор поради повеќекратни пресуди за силувања и силување и убиство на тинејџерка.
Белгија ја одобри условната евтаназија во 2002 година и по Холандија стана втората земја која ја воведе ваквата практика. Во 2013 година забележани се рекордни 1.807 случаи.
За да биде одобрено барање, пациентот мора да биде способен за расудување, свесен и барањето да го поднесе „доброволно, промислено и повторено“.„И јас сум човек, без разлика што направив. И ќе останам човек, со право на хуманост и милосрдие. Опасен сум за општеството, бидејќи никогаш

Пронајдете не на следниве мрежи: