На Сетинов не му оди со „експертските прогнози“ – за хрватски медиуми изјавувал дека Турново нема шанси против Судува

Да се надеваме дека Драги Сетинов, поранешен фудбалер на Хајдук, повторно ќе направи утка, кога станува збор за неговите „експертски прогнози“, како „голем познавач на мак-фудбалот“.
Сетинов пред двомечот меѓу екипите на Судува и Хоризонт Турново во рамките од Лига Европа, за хрватски медиуми, изјавувал дека Турново нема никакви шанси против литванскиот тим на Судува, но, неговата „експертска прогноза“ целосно потфрли и падна во вода откако нашиот претставник одигра два фантастични натпревари со литванскиот претставник.
„Не верувам дека Турново ќе ја мине Судува, пласманот во Европа Лига им е најголемиот успех во нивната клубска историја, но мислам дека повеќе никогаш нема да им се повтори такво нешто“ изјавил Сетинов.
Турновци одиграа фантастичен меч на гости кај Судува, натпреварот заврши 2-2, па на домашен терен повторно потешко од очекувањата нашиот претставник се избори за истиот резултат па беше подобар по изведувањето на пенал-рулетот.
 
Да се надеваме дека Драги Сетинов, поранешен фудбалер на Хајдук, повторно ќе направи утка, кога станува збор за негови

Пронајдете не на следниве мрежи: