Под мотото „Храната е емоција“, Атлантик Група ќе ги претстави своите производи креирани со љубов на „СИАЛ“ еден од најголемите саеми за храна. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во возбудливите и здрави вкусови на „Бакина тајна“, „Цедевита“, „Донат Мг.“ кои веќе го освоија приматот во регионот и сега самоуверено и оправдано се дел од овој саем кој на едно место ги собира сите престижни производители од светот.„Ова е еден од најголемите и најпрестижните саеми каде Атлантик Група има можност да се претстави со своите врвни прозиводи, имајќи во предвид дека нашата главна стратешка цел подразбира интернационализација на компанијата. Работните активности ќе се фокусираат на изградба и зајакнување на нашите интернационални брендови, и тоа не само преку развивање на сопствената дистрибуција туку и преку маркетиншка поддршка на одбраното портфолио на Атлантик. Ваквиот настан е одлична можност да ги претставиме интернационалните брендови во најдобро можно светло со емоцијата која изворно ја носат“, велат од Атлантик Група.
СИАЛ е еден од најголемите саеми во прехрамбената индустрија чијшто фокус се иновациите и презентацијата на производите. Тој оваа година се одржува од 16 до 20 октомври во Париз и ќе има над 7000 изложувачи од 104 земји, а се очекува да го посетат повеќе од 155 000 посетители. Станува збор за престижен саем каде се претставуваат реномирани компании, каде се презентираат најновите трендови во производството на храна и анализите за очекувањата на потрошувачите, и каде се дискутира за предизвиците со кои се соочува прехрамбената индустрија. Како тема: „Иновациите во процесот на производството на храна и изборот на различни состојки“, заземаат клучно место на овој саем.
Атлантик Група е една од водечките прехранбени компании во регионот, со познати регионални брендови и голем број на надворешни партнери, поддржани од силен сопствен систем за дистрибуција во регионот.
Производите на Атлантик Група се присутни во: Русија, ЗНД земјите и Западна Европа, додека со широкиот асортиман на спортска исхрана таа е водечка европска компанија во овој сегмент. Атлантик Група има вработено околу 5300 луѓе. Седиштето на компанијата е во Загреб, додека производствените погони се наоѓаат во Хрватска, Германија, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија, како и компании и претставништва во 12 земји.„Ова е еден од најголемите и најпрестижните саеми каде Атлантик Група има можност да се претстави со своите врвни прозиводи, имајќи во предви