НА СИТЕ НИ ПРЕЧИ: Од што навистина настануваат „спојлерите“ на стомак, и како да се ослободите од нив?!

Oвој вид на наслаги знае да биде многу опасна работа бидејќи се таложи околу органите и може да доведе до бројни хронични проблеми, велат нутриционистите.Повеќето од нас за масните наслаги околу половината, вината ја бараат во нездравата храна како пијалок, хамбургери или чоколади, но нутриционистите истакнуваат дека причина за тоа во најголема мера може да биде стресот.
„Кога сме напнати или под притисок, телото произведува хормони како што е кортизол, кој поттикнува собирање на масни наслаги околу стомакот. Овој вид на масни наслаги знае да биде многу опасен, бидејќи се таложи околу органите и може да доведе до бројни хронични проблеми, како што се ризик од дијабетес тип 2, срцеви заболувања, мозочен удар, висок крвен притисок, па дури и рак“, појаснува нутриционистката Марилин Гренвил.
Таа додава дека нашиот модерен начин на живот со себе носи бројни стресни ситуации во кои најчесто се лачи адреналин.
Нашето тело е програмирано така што во моментите на опасност да лачи адреналини кортизол кои ни даваат енергија и ни помагаат да бидеме физички спремни за реагирање во тие ситуации. Меѓутоа, нашиот модерен живот во кој не сме премногу активни, а стресот е секојдневна појава, прави таа енергија, во форма на масти и гликоза да нема каде да отиде, па во вид на масни ќелии се таложи околу нашиот струк.

 

За жал овој вид на масни наслаги знае да биде многу „упорен и тврдоглав“ така што не реагира на диети или пак ригорозно вежбања – тренинзи.
Исто така стресот предизвикува зголемен апетит и прави да имате потреба за нездрава храна.
И, кое е решението?
Нутриционистите советуваат да престанете со диетите и броените калории, туку да јадете почесто, помали оброци (на секои 3 часа).
Од исхраната исфрлете ги шеќерите и рафинираните јаглени хидрати (доколку повторно ги јадете, настојувајте тоа да биде на 18 часа), на оброците додадете им протеини – тие не прават сити и ни помагаат при слабеењето.
Не го прескокнувајте појадокот, внимавајте на газирани и засладени пијалаци – водата е најдобро решение, трудете се доволно да се движите и настојувајте да се храните здраво.Повеќето од нас за масните наслаги околу половината, вината ја бараат во нездравата храна како пијалок, хамбургери или чоколади, но нутриционистите

Пронајдете не на следниве мрежи: