После една година успешно е извршена трансплантација на бубрег од жив донор на скопските клиники, а закажани се уште три до 1 јули, истакна денеска претседателот на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи, Гоце Спасовски.– Со сите здружени сили се враќаме полека на тие патеки кои натаму ќе треба да го донесат оној пробив кој го направивме на полето на трансплантацијата, додаде Спасовски на прес-конференција по повод 5.Конгрес на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи, кој почнува вечер во Македонската академија на науките и уметностите.
Претседателот на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“, Љубинко Трпеновски одговарајќи на новинарско прашање рече дека во Македонија има недостиг од нефролози, а тие што ги има се на Клиниката за нефрологија. Посочи дека во внатрешноста има само двајца нефролози од кои едниот работи во Центарот за дијализа, а другиот работи како интернист во Медицинскиот центар во Прилеп.
Појасни дека во периодот кога не се извршуваа трансплантации двајца пациенти заминале за трансплантација во Турција.
– Причините за застојот беа повеќе, една од нив е недоразбирањето меѓу тимот, Министерството за здравство, националниот координатор, колегите…Основна причина, според нас, беше планот на Министерството да отвори Центар за трансплантација и извонредност кој ветуваше дека ќе почне за два до три месеци. Помина година и пол и нема ништо од тој центар, рече Трпеновски и додаде дека затоа инсистирале да продолжи успешната приказна на Клиниката.
Момир Поленаковиќ, почесен претседател и основач на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи, рече дека конгресот е еден придонес, дека успеале на гараѓаните да им обезбедат здравствена заштита од бубрежна болест.
– Имаме рана дијагноза и сите видови третман вклучувајќи и трансплантација. Превенцијата е многу важна и за неа ќе се дискутира на конгресот. Конгресот ќе даде придонес за науката, но и за конкретно лекување на пациенти. Трансплантацијата која ја почнавме во 1977 година, беше многу успешна минатата година, а се надевам и сега ќе продолжи, истакна Поленаковиќ.
Хорст Клинкман, поранешен претседател на Европската ренална асоцијација – Европската асоцијација за дијализа и трансплантација изрази задоволство што ќе учествува на конресот и посочи дека во последните 20 и повеќе години го следи развојот на нефрологијата.
На конгресот ќе има 264 учесници и 60 предавачи од 20 земји.– Со сите здружени сили се враќаме полека на тие патеки кои натаму ќе треба да го донесат оној пробив кој го направивме на полето на транспла