На социјалните мрежи се шпекулира дека е мртов: Што се случува со Путин?

Наводно, Владимир Путин се нема појавено во јавноста уште од 5-ти март. Веќе се појавија шпекулации дека нешто чудно се случува и се претпоставува дека рускиот претседател е болен.Овие информации ја потресоа јавноста откако беше објавено дека тој нема да присуствува на состанокот на Федералната служба за безбедност, јави кинеската агенција „Синхуа“.
Теориите за здравствената состојба на рускиот претседател уште повеќе се разгореле по вчерашното слетување на воен хеликоптер во средиштето на Москва за кој во моментов е невозможно да се најдат било какви информации во медиумите.
Иако по интернетот се зборува за смртта на Путин, официјален Кремљ уверува дека со Владимир Путин сѐ е во ред.
Откако веќе повеќе од недела дена не беше забележано ниедно излегување на рускиот претседател, на социјалните мрежи се зборува за неговата смрт.
И покрај зборовите кои треба да ги смират луѓето ширум светот, на интернет се појави страница која одговара на прашањето „Дали Путин почина?“.
Димитриј Песков во својата изјава рече дека што се однесува на здравствената состојба на рускиот претседател „нема причина за грижа“ и дека „сѐ е во ред“.
Дел од корисниците на социјалните мрежи се забавуваат со замислување на светот без Путин, па предвидуваат како би изгледал неговиот погреб и дали би го надминал испраќањето на Ленин.Овие информации ја потресоа јавноста откако беше објавено дека тој нема да присуствува на состанокот на Федералната служба за безбедност, јави кине

Пронајдете не на следниве мрежи: