На што трошат пари жените, а на што мажите?

 
 
 

Тврдењето дека машкиот и женскиот род се дијаметрално спротивни во размислувањара и не е некоја новост, а еден од најдобрите докази за тоа е начинот на кој ги трошат парите. 
Мажите повеќе пари трошат на храна, а жените на облека, кога станува збор за подобрување на расположението. По храната, електрониката е таа која го подобрува расположението кај мажите, додека кај жените доаѓа храната, па по неа чевлите.
Мажите и жените трошат иста количина на пари за хуманитарни акции, а мажите трошат двојно повеќе од жените на алкохол. Во текот на едно вечерно излегување мажите се во предност бидејќи трошат 10 проценти повеќе од жените.
Жените на козметика трошат три пати повеќе од мажите, но треба да се има во предвид дека козметиката за жени е посакапа од онаа за мажи.
Св.Валентајн е празник за кој тврдат дека е измислен за да ги троши парите на мажите, што се покажало вистинито затоа што за овој празник мажите трошат двојно повеќе пари од жените за подароци, а две третини од оние кои купиле поклон купиле и букет цвеќе за својата сакана.
Сепак, ако гледаме кој поразумно троши, женскиот пол ќе биде во предност затоа што им треба 40 проценти повеќе време да потрошат ист износ на пари, и тоа од едноставна причина – подолго ги споредуваат цените и рационално ги трошат парите.
Извор: lady.mk
 
 
 

Тврдењето дека

Пронајдете не на следниве мрежи: