На судиите од X фактор им биле здодевни Алекса и Александра, затоа излегоа

„Знам дека сум напорен, но сето ова е досадно! Од толку многу убави домашни филмови, сите сте земале некои странски, досадни песни. Сето тоа е убаво, вие пеете убаво, но тоа е здодевно! Што се правиме Англичани поголеми одошто сме“, беше остар Јоксимовиќ. Бидејќи се ближи супер финалето на „Икс фактор“, во кое има место само за 5 натпреварувачи, вчера натпреварувањето го напуштија двајца.
Жирито во состав: Емина Јаховиќ Сандал, Жељко Јоксимовиќ, Кристина Ковач и Кики Лесандриќ вчера вечер оценуваа вокални способности на кандидатите во изведба на песни од филмови и серии, додека публиката со своите гласови ја донесе одлуката кој да ја напушти конкуренцијата.
Кругот се стеснува и жирито е се построго во своето оценување, па некогаш и  можеби ги преминува границите.
На македонскиот натпреварувач Даниел Кајмакоски, кој своите вокални способности ги демонстрира преку старата нумера “Unchained Melody” од “Righteous Brothers”, иако Кристина не беше задоволна со неговиот настап, нејзината критика ја поби Кики Лесандриќ.
„Ти беше добар технички, но твојата изведба не ме доведе до кулминација! – Рече Емина и предизвика смеење во публиката, додека Жељко рече дека песната на Даниел, која притоа не ја бирале заедно, била здодевна.

Циркуската атмосфера ја долови Александра Брковиќ со песната “Reflection” од Кристина Агилера, и беше поздравена со овации.
„Јас цело време очекував… Жал ми е кога ќе видам ваков вокал, ваква сценографија, се на свое место, но ништо не ме допира, ништо не ме проголта“ – рече Емина.
На што се надоврза со негативните критики и Жељко: „Знам дека сум напорен, но сето ова е досадно! Од толку многу убави домашни филмови, сите сте земале некои странски, досадни песни. Сето тоа е убаво, вие пеете убаво, но тоа е здодевно! Што се правиме Англичани поголеми одошто сме“. 
Станува се пожестока борбата, останаа само 6 натпреварувачи кој ќе оди во супер финалето? Бидејќи се ближи супер финалето на „Икс фактор“, во кое има место само за 5 натпреварувачи, вчера натпреварувањето го напуштија двајца.

Пронајдете не на следниве мрежи: