Денот на Царинската управа – 14 април, покрај со свечена церемонија, одбележан беше и со успешна заплена на околу 22 килограми марихуана.Царинските службеници од Одделението за оперативни работи во соработка со Министерството за внатрешни работи, на 14 април 2016 година, околу 23:20 часот, на граничниот премин Табановце на излез од Република Македонија селектираа за контрола патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од бугарски државјанин.
При детална контрола на возилото со помош на царинско куче, во долниот дел од возилото кај резервната гума, во резервна гума, под предните калници, во вратата од багажникот и под пластиките од задните седишта пронајдени, се 40 опаковки обвиткани со леплива трака и алуминиумска фолија.
Опаковките биле исполнети со зелена тревкаста материја. По извршено мерење и тестирање со тестер за дрога, констатирано е дека се работи за 21,7 килограми марихуана.
Откриената дрога и лицето се предадени на Министерството на внатрешни работи за понатамошна постапка.Царинските службеници од Одделението за оперативни работи во соработка со Министерството за внатрешни работи, на 14 април 2016 година, околу 23:20