На трудница и пукнал водењакот во 16-та недела од бременоста, а потоа…

Кејти Еванс родила здраво момче откако одбила абортус. Докторите и рекле дека ваков случај се уште не виделе. На бебето му давале 1 % шанса.Кејти Еванс од Велика Британија била советувана од  докторите да абортира кога во 16-та недела од бременоста и пукнал водењакот. И  кажале дека нејзиниот син има само еден процент шанса да преживее, а таа би можела да добие инфекција.
Но Кејти не сакала. Одлучила да остави природата да го направи своето. И тоа и било најдобрата одлука која ја донела бидејќи  водењакот и се обновил, а докторите кои се грижеле за нејзе, рекле дека такво нешто никогаш не виделе.
Менмбраната на Кејти пукнала, при што целата течност истекла од утробата и веќе ништо не останало да го штити бебето. Дури и доколку преживее, рекле докторите, бебето би можело да се роди болно и со неразвиени екстремитети, а на Кејти и се заканувала инфекција.
„Ова беше многу сакана бременост. Можев да осетам како ме удира бебето. Веќе го сакав“, рекла Кејти.
Обично во вакви случаи  болките почнуваат  во рок од 48 часа, но кај Кејти тоа не се случило. Ниту пак имала спонтан абортус, па затоа докторите ја советувале да абортира.

Мембраната зараснала, а течноста се обновила
„Реков дека сакам природата да го направи своето. Докторката беше шокирана и ми предложи да разговарам со сопругот бидејќи тој сигурно нема да биде толку емотивен“. Но сопругот ја поддржал во одлуката: Заминале дома очекувајќи го најлошото, но немало абортус. Две недели подоцна се вратила на преглед. И таа и докторите се шокирале со сликата од ултразвукот.

Пукнатината на мембраната зараснала, а течноста се обновила. Покрај тоа, бебето нормално се развивало.
„Тогаш првпат заплакав. Бев на седмо небо. Рекоа дека постојат уште многу опасности, дека водењакот може повторно да пукне, но секоја нова недела која поминуваше за нас беше огромен успех“, вели Кејти.

Кога конечно го земав впрегратки чувството беше посебно.
Водењакот повторно и пукнал во 34-та недела од бременоста. Малиот Лео се родил со 2.182 грама и по пет дена бил пуштен од болница.
„Кога конечно го земав во прегратки, свесна дека е сигурен и после се, тоа беше прекрасно чувство. Постарата ќерка Амбер исто така го обожава. Сега има  осум месеци и 7.7 килограми“вели гордата мајка.Кејти Еванс од Велика Британија била советувана од  докторите да абортира кога во 16-та недела од бременоста и пукнал водењакот. И  кажал

Пронајдете не на следниве мрежи: