Мариа Пероу (21) за време на целото школуваше трпела насилство од своте врсници. На училиште ја нарекувале „грдата Бети“ но таа денес има успешна кариера на фотомодел.Мариа од секогаш сакала да учи, а за време на школувањето книгите и биле подобар пријател од врсниците, кои ја исмевале поради својот изглед.„Денес никој не ми верува какви трауми преживував како девојче. Тоа беше еден многу тажен период во мојот живот кога се чувствував страшнo и осамено“, вели младата Мариа.Како што вели, на училиште постоеле неколку деца кои постојано ја задевале бидејќи поинаку се облекува и имала изразено интересирање за уметноста.„Ме нарекуваа грдата Бети и имав големи проблеми да најдам пријатели. Кога малку пораснав почнав редовно да вежбам и го променив начинот на исхрана. Пријателката ме советуваше дека треба да се пријавам на избор за мис, и го сторив тоа“, вели Мариа.Со својата приказна Мариа би сакала да им помогне на другите кои се наоѓаат во ситуацијата во која таа некогаш била и да им порача да веруваат во себе и секогаш да го слушаат своето срце.„Штотку се пријавив на изборот за да докажам дека грешат и дека секој е убав на свој начин. Иако звучи како позната фраза, убавината навистина доаѓа од внатре. Навистина е важно какв човек сте“, вели таа.Некои од врсниците кои ја малтретирале на училиште се обиделе да ја контактираат преку Фејсбук, но таа не сакала да ги прифати.„Нека си го живеат живот, а јас својот. Со својот пример сакам да покажам дека се исплати да се биде силен и да верувате во себе“, вели оваа млада девојка.Мариа од секогаш сакала да учи, а за време на школувањето книгите и биле подобар пријател од врсниците, кои ја исмевале поради својот изглед.
Пронајдете не на следниве мрежи:



