На вечера со Џорџ Клуни за 10 евра

Холивудскиот актер Џорџ Клуни одлучил себеси да се стави на „ продажба“ , за да присобере што повеќе средства за одржување на сателитот кој го закупил за да го шпиунира суданскиот диктатор Омар ал Башар. Имено, со уплата од само 10 долари на сајтот Омазе, може да учествувате во лотаријата на која среќниот добитник ќе има можност не само да ја помине вечерта со славниот Американски актер, туку и со него да учествува во шоуто на Дејвид Летерма, да прошета со него на црвениот тепих на примиерата на неговиот најнов филм “The Monuments Men” и да присуствува на гала вечерта по проекцијата.
Во „аранжманот“ е вклучена и авионска карта и преноќевање во хотел за двајца.
Уплатите на сајтот Омазе можат да се обават до 30 јануари.
На минатогодишниот Кански фестивал, Клуни откри дека закупил сателит над Судан, како би можел да следи се што се случува во областите каде има многу насилство.
Тој рекол дека тоа го направил затоа што смета дека е многу важно виновниците да одговараат и да биде се потешко насилството да се спроведува со последици, пренесуваат француските медиуми. Имено, со уплата од само 10 долари на сајтот Омазе, може да учествувате во лотаријата на која среќниот добитник ќе има можност не само да ја помине

Пронајдете не на следниве мрежи: